Смешни кавги кои е невозможно да ги избегнете во врската

Иако во дадениот миг делуваат сериозни, постојат расправии кои во суштина се комични. А, после некое време, повеќето парови ќе сфатат дека се карале за навистина смешни и бесмислени работи.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-1.jpg

Сепак, десетте смешни кавги кои е невозможно да ги избегнете, па секоја вљубена двојка барем еднаш ќе ги искуси во врската, поврзани се со следните ситуации:

1. Далечинскиот управувач, менувањето на ТВ програми и јачината на звук

Многубројни расправии започнуваат со промена на телевизиските канали. Или, пак, со прегласното и претивкото гледање телевизија. Но, веќе следниот ден, ретко кој се сеќава на програмата што сте ја гледале претходната вечер.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-2.jpg

2. Гледање серии или филмови без партнерот

Кога ќе се прекрши договорот за заедничко гледање на одредена серија или филм, доаѓа до уште една поприлично смешна кавга, бидејќи е на тема што сепак не е од толку голема важност. Но, во моментот никој не мисли така, нели?

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-3.jpg

3. Брзина на одење во тек на прошетка

Шетањето и брзото одење се два мошне различни поими. Меѓутоа, честопати еден од партнерите не е свесен за разликата, па брза ли брза, додека другиот уште побрзо се лути поради тоа. А, тогаш може да дојде и до нова непотребна караница.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-4.jpg

4. Јадење на остатоците од храна

Јадењето на остатоците од омилената храна на партнерот не е нималку добра идеја. Особено ако тоа е направено скришум, кога тој или таа немаат поим дека дома ќе ги дочека празна порција.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-5.jpg

5. Оставање облека низ целиот дом

На облеката ѝ е местото во плакарот, или, пак, во корпата за алишта. Сепак, неретко се случува еден од партнерите да ја остава облеката на погрешни места, предизвикувајќи „хаос“ во домот, но и во меѓусебните односи.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-6.jpg

6. Објавување „несовршени“ фотографии

Едниот партнер изгледа одлично на фотографијата, другиот и не баш, ама сепак ќе биде објавена. Во ерата на социјалните мрежи, нема никаков сомнеж дека ваквиот потег е причина за мноштво расправии во врската.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-7.jpg

7. Договарање кај чие семејство да се оди на ручек

Понекогаш, наивните преговори на крајот прераснуваат во жолчни расправии. Иако договорот никогаш не е забавен во вакви случаи, станува збор само за ручек – за одлука која не би требало да биде баш толку тешко да се донесе.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-8.jpg

8. Ѕвонење на алармот и негово постојано одложување

Алармот ѕвони. Еден од партнерите треба да се разбуди, но баш и не му се станува, па повеќепати го одложува алармот.  Но, другиот партнер нема никакви обврски, ниту причина да се буди, а звукот на алармот почнува да му оди на нерви. Порано или подоцна, кавгата е неизбежна.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-9.jpg

9. „Правилен“ начин на возење

Кога и двата партнери се возачи, тогаш често нивните мислења околу „правилниот“ начин на возење умеат да се разликуваат. Особено во метеж, кога секоја грешка е повод за прекор. Сепак, со „правењето паметен“ во такви ситуации, можеби ќе избегнете прекршокот во сообраќајот, ама не и во врската.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-10.jpg

10. Читање или игнорирање на упатства

Едниот партнер смета дека читањето на упатството е важно пред започнувањето на одредена задача, додека другиот мисли дека тоа е непотребно, бидејќи веќе сè е јасно и сè си знае. Но, многу е подобро да се потроши време на читање на упатствата, отколку на расправии околу тоа што прво треба да направите.

10-smeshni-kavgi-koi-e-nevozmozhno-da-gi-izbegnete-vo-vrskata-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg