Како девојките се справуваат со досадните додворувачи?
Ноќните клубови се места на кои честопати се раѓаат страсти. Понекогаш, израснуваат дури и во сериозни љубовни врски. Но, секоја девојка знае дека постојат ноќи, кога најубаво ѝ е да излезе со пријателките, забавувајќи се без машко друштво.
Секако, ниту таквите вечери не поминуваат без упорните флертувачи, кои како да не знаат што значи зборот „не“, а на реченицата: „Имам дечко!“, одговараат со: „Мене не ми пречи.“.
Запрашани да откријат како тие се ослободуваат од досадните додворувачи, неколку припаднички на понежниот пол ги дадоа следните одговори:
„Ej, па зарем ти не ѝ беше дечко на мојата сосетка?“
„Мене ми е желба да се омажам годинава, а тебе?“
„Дај те молам помрдни се, го меркам високион црн дечко на шанкот.“
„На еден му реков дека ќе прејдам во калуѓерки, а дека тоа ми е последното излегување, пред да се заветам на молк. Одлета со брзина на светлината.“
„Имам девојка.“
„Јас обично им викам: „Sorry, I'm in a relationship!“. Еднaш дури и говорев со британски акцент, преправајќи се дека сум од Англија. На типот му реков дека сум излегла на пијачка со пријателките, а за неколку часа патувам назад во Лондон.“
„Дојдов да играм и да се забавувам со другарките. Навистина не ме интересираш. Те молам, тргни ми се од пред очи!“
„Зафатена сум, имам дечко. Или онаа филмската фраза – ако ни е судено, ќе се сретнеме повторно.“
„Што? Како?! Молам? Не слушам добро. Што? Како?!“
„Не велам ништо. Глумам дека ми вибрирал мобилниот телефон, па истрчувам, божем ќе разговарам.“
„Сега ќе дојде дечко ми по мене. Ако забележиш висок и набилдан лик на врата, извести ме.“
„Искрено, поретко ми приоѓаат, бидејќи го имам ставот: „Немој ни случајно!“. А, ако сeпак ми пријде, тогaш му возвраќам со кисела насмевка, си ја земам пијачката и се вртам накај девојките.“
Различни тактики... Можеби некоја ќе ви послужи како инспирација при идното излегување.
М. А. | Црнобело