Фрази кои мажите сакаат да ги слушнат од своите партнерки
Факт е дека луѓето што ги сакаме го заслужуваат само најдоброто. Но, честопати се наоѓаме во ситуации кога не знаеме точно на кој начин да ги искажеме чувствата.
Кога станува збор за љубовта, жените понекогаш знаат да кажат работи кои мажите погрешно ги толкуваат. Но, за секој проблем има решение.
Психолозите препорачуваат почесто да ги кажувате следниве фрази кои секој маж сака да ги слушне од неговата партнерка:
„Те разбирам“
Кога се наоѓате во напната ситуација, важно е тоа што го кажувате да биде во склад со расположението на другиот. Покажете му на партнерот дека имате разбирање и дека сте подготвени да помогнете.
Дури и во наједноставните дијалози, сигурно има нешто од разговорот со кое се согласувате.
„Браво!“
Кога партнерот ќе постигне нешто, резултатите се првиот дел од успехот. Вториот дел е кога партнерката ќе го пофали партнерот за тоа што го постигнал.
Откако ќе добијат пофалба и одобрување, сите мажи се позадоволни и имаат поголем мотив за преземаат инцијативи во иднина.
„Што планираш да направиш?“
Кога партнерот ви зборува за неговите проблеми, не треба секогаш да му давате совети како нешто да реши. Најчесто му треба да го ислушате и да му дадете поддршка.
Прашајте го: „Што планираш да направиш?“
„Баш си силен/ храбар/ паметен...“
Комплиментите се нешто кое вреди многу, а ништо не нé чини кога ги кажуваме. Кога мажот слуша комплименти од партнерката, веднаш се чувствува поубаво и поинспирирано.
„Слободно излези, не мора цело време да бидеме заедно“
Во сите врски, и на двајцата партнери им е потребно време за себе. Мажите ценат кога нивната партнерка не им префрла за тоа и ги остава да прават нешто сами, без нејзино присуство.
„Се сеќаваш кога...?“
Ова едноставно прашање предизвикува низа позитивни емоции. Секогаш е убаво кога партнерката ќе го потсети партнерот на некои убави моменти од минатото. Носталгичните чувства го намалуваат стресот и ја поттикнуваат мотивацијата.
„Раскажи ми, сакам да знам повеќе за тоа“
Психолозите советуваат дека жените треба да поминуваат 10 минути во денот во кои со партнерот ќе зборуваат за нешто што не е поврзано со работа, семејство или врски.
Мажите сакаат кога партнерките се интересираат за некое нивно хоби, омилениот филм, некоја случка од нивното детство и слично. Ваквите разговори треба да се практикуваат секој ден.
„Извини!“
Нормално е да има кавги. Но, важно е после кавгата да се вратите побрзо во нормала. Не барајте виновници, туку едноставно прифатете ги грешките и ако треба, извинете се.
Мажите ценат кога кавгите се решаваат брзо, без да се одолговлекува и уште повеќе да се комплицира.
„Благодарам!“
Благодарноста е една од најпозитивните емоции. Кога сме благодарни за нешто, имаме повеќе енергија и се полниме со позитивна енергија за следните предизвици.
Мажите сакаат кога жената отворено им се заблагодарува за нешто. На тој начин знаат дека таа го цени трудот што тие го вложиле.
„Верувам во тебе“
Оваа фраза има моќ да го претвори секој неуспех во успех. Кога жените имаат доверба дека партнерот ќе успее во нешто, тој навистина ќе се чувствува како победник и ќе успее да ги помине сите препреки.
„Многу те сакам“
Сите парови се различни, но психолозите советуваат дека партнерките треба почесто да ги прашуваат партнерите: „Што уште можам да направам за да се чувствуваш сакан?“ На овој начин најдобро се покажува љубовта.
„Среќна сум со тебе“
Кога некого сакаме, важна ни е неговата среќа. Среќата не доаѓа однадвор, туку претставува внатрешно чувство. Среќата доаѓа од тоа колку партнерите се посветени еден на друг.
Секој сака да слушне дека прави некого среќен, па така и мажите. Кажувајте им често дека сте пресреќни со нив и дека уживате во нивната љубов и внимание.
М. В. | Црнобело