7 причини зошто сè уште ја немате запознаено љубовта на вашиот живот
Многу луѓе сметаат дека се несреќни затоа што се сами. Понекогаш дури и им се чини како невозможна мисија дека некогаш ќе најдат човек кој е совршен за нив.
После неколку неуспешни состаноци и пропаднати врски, лесно може да слушнете жалби како и зошто сè уште не можат да ја најдат љубовта на својот живот.
Постојат 7 основни причини за тоа. Откријте ја вашата:
7. Сè уште патите од претходната врска
Клин со клин не се избива во овој случај. Дајте си време, стабилизирајте се и разберете што навистина сакате пред да скокнете во следната врска.
6. Имате претерано високи очекувања
Некои жени сонуваат за принц, додека некои мажи сонуваат за Victoria’s Secret модели. Сепак, животот е пореална приказна и треба да се приземјите пред да барате партнер.
5. Посакувате некој/а кој/а е веќе зафатен/а
Не си го губете времето. „Ќе го/ја остави заради мене“ е најлошата реченица која може да ја помислите и изговорите. Градењето среќа на туѓа несреќа дефинитивно не завршува среќно.
4. Имате проблеми со довербата
„Сите се исти и сите сакаат само да ме искористат.“ Звучи познато? Не избрзувајте со довербата, но не им ја скратувајте шансата на луѓето кои вистински се грижат за вас, само затоа што еднаш сте се изгореле.
3. Се плашите од сериозна врска
Недостатокот на самодоверба и верба во вашите емоции може да ве претвори во ладнокрвна личност која „не сака да се врзува“. Тогаш, зошто некој би останал подолго со вас?
2. Имате очајна потреба да им се допаднете на сите
Не носете одело ако не се чувствувате удобно во него. Не облекувајте секси фустан ако сметате дека ви го прави задникот поголем. Правете го она што го сакате. Вистинската личност ќе го цени тоа.
1. Премногу брзате
Не изјавувајте дека тоа е тоа вистинското после петтиот состанок. Не мислете имиња за вашите деца на вториот состанок. Не се вадете на тоа дека „биолошкиот часовник отчукува.“
М. Д. | Црнобело