7 мали потсетници за оние на кои им е преку глава од љубовни состаноци
Потрагата по љубовта на вашиот живот понекогаш изгледа како бесцелна трка која нема крај.
На сите што сè уште не ги пронашле вистинските партнери честопати им доаѓа преку глава од запознавање на потенцијални партнери, одење на љубовни состаноци, врска во која не е сè како што треба...
Сепак, никогаш не треба да се откажувате, колку и да ви е тешко и напорно сето ова.
Овие 7 совети ќе ве потсетат дека сепак треба да продолжите со потрагата по љубов и ќе ви дадат надеж во моментите кога мислите дека сè е залудно:
Однесувајте се со другите онака како што би сакале тие да се однесуваат со вас
Бидете отворени, искрени и љубезни. Не играјте игри. Помислете како вие би сакале некој да се однесува со вас и применето го тоа во вашиот однос кон другите.
Никогаш не останувајте со некој кој не ве почитува
Можеби сте очајни и ви е преку глава да барате нов партнер, но ако оној со кој сте излегле неколку пати или сте започнале врска не ве почитува и не се однесува како што би требало, не останувајте во таа врска во никој случај.
Никогаш не треба да се чувствувате виновни ако сте дале сè од себе
Без разлика дали станува збор за нова врска или врска која трае подолго време, ако таа врска заврши секогаш има виновен и невин.
Не ја барајте вината во себе ако сте сигурни дека сте направиле сè што било во ваша моќ за врската да успее. Продолжете понатаму.
Кога некој најмалку ја заслужува вашата љубов, тогаш најмногу му е потребна
Честопати знаеме да се налутиме и да држиме лутина за нечија грешка. Но, некои луѓе заслужуваат втора шанса. Обидете се да ја најдете причината зад нивното однесување и да им простите.
Времето ќе покаже дали сте ја донеле вистинската одлука.
Сакајте со целото срце и дајте се себеси целосно
Кога станува збор за љубов, никогаш не треба да ги правите работите половично. Бидете отворени и целосно препуштете се, со сето свое срце.
Без разлика дали тоа ќе вреди или не, вие секогаш ќе знаете дека сте имале вистински чувства и сте дале максимум од себе.
Комуникацијата е една од најважните работи
Добрата комуникација значи дека секогаш ќе умеете да се разберете со партнерот за сите работи. Не претпоставувајте и не носете избрзани заклучоци пред да ја слушнете другата страна.
Не се потпирајте на совети од другите – никој не е на ваше место и само вие сами знаете што треба да направите.
Животот се состои од многу тешки моменти, но љубовта е таа што го олеснува патувањето
Потрагата по љубов и партнер кој целосно ви одговара знае да ве фрли во очај и сигурно има моменти кога сте помислиле да се откажете. Но, не губете надеж.
Секогаш размислувајте позитивно и верувајте дека ќе го најдете она што го барате.
М. В. | Црнобело