5 начини како да станете посилни по болно раскинување
Зошто сами свесно си предизвикувате бура од емоции? Избришете го поранешниот партнер од животот!
Потребен е голем напор да продолжите понатаму по болно раскинување, да го преболите вашиот поранешен партнер и да продолжите понатаму.
Навистина е болно некогашната девојка или момче да го пуштите да оди понатаму и да му кажете „збогум“ на оној за кој сте сметале дека бил вашата најголема љубов.
Еве пет совети што ќе ви помогнат да станете посилни по болната разделба:
Пресечете ги сите врски
Луѓето доаѓаат со причина во нашиот живот, за една сезона или за цел живот. Па кога чувствувате дека сакаат да си заминат, само пуштете ги.
Пресечете ги сите врски со нив, избришете ги сите нивни броеви, фрлете ги сите работи што ве потсетуваат на нив, престанете да ги следите на социјалните мрежи.
Ако не го сторите ова, секоја нова информација за нив ќе ви поттикне емоционална бура. Пресечете во корен и продолжете понатаму.
Запишете ги своите чувства на хартија
Отворете една тетратка и запишете како се чувствувате по разделбата. Исто така, запишете ги сите добри и лоши работи од вашата врска.
Пишувајте за сѐ што научивте од оваа врска за љубовта, животот и за себеси. Нагласете преку што не сте подготвени да поминете, за што нема шанси да преговарате.
Ова писмо не треба да ѝ го праќате на таа личност. Процесот го правите за да си помогнете себеси.
Локализирајте ја штетата
Разгледајте ја штетата што оваа врска ви ја направи вам. Не за да ја обвинувате другата личност, туку за да научите и пораснете.
Прво потребно е да имате дистанца од врската за потоа да можете да се навратите назад и да погледнете појасно.
Исполнете го времето со нешто добро
Наместо да плачете свиени во креветот и постојано да размислувате за поранешниот партнер, излезете од комфорната зона и обидете се со нешто ново. Започнете со часови за танц или пак уплатете некое патување.
Физичката и менталната активност ќе ви помогне да се тргнете од сѐ и да го подобрите расположението.
Славете го животот со пријателите
Излезете и забавувајте се со луѓето во вашиот живот кои ги сакате и цените најмногу.
Здравите пријателски врски во животот се неопходни, а позитивните вибрации се главниот лек.
С. С. | Црнобело