Женска особина која речиси на сите мажи им оди на нерви
Натпреварувачкиот дух не е воопшто лоша работа, но верувале или не, тоа е таа карактеристика која на мажите им оди на нерви ако жените ја имаат.
Според истражувањата за најчудни причини заради кои мажите ги оставаат жените, изразениот натпреварувачки дух се покажал како многу лоша особина, поради која многумина избегале од врска.
Секако, добро е да постои мала доза на натпреварување, но ако претерате, тоа секому би му одело на нерви.
Погледнете што кажале дел од мажите кои учествувале во истражувањето:
„Имав девојка која секогаш мораше да биде најдобра во сè.“
„Ако јас имав лош ден на работа, таа имала уште полош. Ако мене ме боли глава, неа пред некој ден ја болело многу повеќе... сè беше натпревар, и добрите и лошите работи.“
„Една од главните причини заради кои раскинав со бившата беше кавгата која настана откако си го скршив прстот. Наместо да ми каже нешто убаво, таа почна да зборува како таа во детството ја скршила раката и помалку плачела отколку јас за прстот. Мораше да победи во сè, а со тек на време тоа ми стана многу напорно и морав да избегам од таа врска.“
Што мислите вие, дали навистина оваа карактееристика е иритантна или станува збор за неспособноста на мажите да прифатат пораз?
М. М. | Црнобело