Постојат 4 типови на парови - Кој тип останува заедно до крајот на животот?
Преку набљудување на 376 вљубени парови во текот на 9 месеци, група научници заклучиле дека во светот постојат 4 основни типови на љубовни парови.
И токму според карактеристиките може да утврдите во кој тип се вбројувате и колку долго ќе „издржите“ заедно:
1 тип: Конфликтен, но страствен
Овој тип на врска се познава по следниве карактеристики:
- Партнерите не поминуваат многу време заедно.
- Средбите секогаш се позитивни и полни со страст.
- Нивото на емоции постојано се менува.
- Може еден од партнерите да го снема на кратко, да почне да му недостасува другиот, па да се втурне во неговите раце неочекувано повторно.
Овие парови константно се во фаза „комплицирано е“, но тоа не значи дека се осудени на пропаст.
2 тип: Љубители на драма
Овој тип на врска се познава по следниве карактеристики:
- Постојат многу успеси и падови во врската.
- Партнерите донесуваат одлуки базирани на негативните искуства од минатото.
- Најголем дел од времето кое го поминуваат заедно го користат за да разговараат за нивната врска.
- Преферираат да поминуваат слободно време одвоено, секој со своите пријатели.
Овие парови раскинуваат двојно повеќе од сите останати. Помалку од половина завршуваат во складен брак.
3 тип: Забавни луѓе
Овој тип на врска се познава по следниве карактеристики:
- Често комуницираат преку социјални мрежи.
- Имаат голема група на пријатели со кои се дружат многу често.
- Идеалната вечер за нив подразбира заедничко готвење, играње друштвени игри или пиење во локалниот бар.
- Удобно им е да зборуваат за сè и сешто.
Овие парови се сметаат за силни и стабилни бидејќи развиваат пријателска поврзаност. 2/3 од паровите од овој тип завршуваат со брак.
4 тип: Ориентирани еден кон друг
Овој тип на врска се познава по следниве карактеристики:
- Поминуваат многу време заедно.
- Имаат идентични хобија и интереси.
- Никогаш не прават одлуки без предвид да ја земат врската или партнерот и неговите емоции на таа тема.
- Имаат идентични гледишта за тоа како сакаат да им изгледа викендот, одморот, иднината...
- Се обидуваат да ги решат сите проблеми со компромис.
Овие парови се покажале како најсреќни во експериментот, а речиси 90% завршиле со создавање на цврсти семејства.
М. Д. | Црнобело