6 деликатни моменти во врската кои не треба да ги дискутирате со други луѓе

Среќата и тагата како по правило сакаме да ги споделиме со блиските, бидејќи сметаме дека така ќе бидеме уште посреќни или тешкотиите ќе ни се олеснат.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-001.jpg

Но, љубовната врска и споделувањето информации околу неа знае да биде деликатна тема.

Постојат неколку работи кои треба да ги премолчите по секоја цена, ако сакате да го зачувате партнерот:

1. Неговите/нејзините тајни или искуства

Не ги раскажувајте туѓите тајни и искуства. На крајот, ќе завршите со срушена доверба, што никако не е добро.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-1.jpg

2. Вжештените кавги

Сосема е нормално да постојат моменти кога не можете да најдете заеднички јазик. Но, наместо тоа да го раскажувате на пријателите и семејството, седнете и со партнерот разговарајте за компромиси.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-2.jpg

3. Интимниот живот и проблемите во него

Од една страна, може да споделите повеќе отколку што пријателите сакаат да слушнат, а веќе од друга ја нарушувате интимноста на партнерот. Не бадијала се вели интимност – треба да остане меѓу вас. Сексуалните проблеми подобро дискутирајте ги со стручно лице.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-3.jpg

4. Стравовите на другиот, дури и на шега

Стравот е нешто што обично не можеме да го контролираме. Некој се плаши од висина, друг од инсекти, трет од вода. И тука нема ништо необично. Не го користете тоа како материјал за невкусни шеги.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-4.jpg

5. Финансиските проблеми

Проблемите со парите се најделикатната тема која постои. Семејниот буџет или загубата на пари треба да остане само помеѓу вас двајца.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-5.jpg

6. Недостатоците

Со текот на времето ќе мора да се навикнете на нив, штом сте одбрале да живеете со тој човек. Затоа, не ги раскажувајте наоколу, посебно не на луѓе кои ви се блиски и на двајцата.

6-delikatni-momenti-vo-vrskata-koi-ne-treba-da-gi-diskutirate-so-drugi-lugje-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg