4 знаци дека сте во врска со незрело дете, а не сериозен маж
Детинест „маж“ – има ли нешто полошо? Притоа, не говориме за оние кои се само заиграни, туку за „фраерите“ на кои не им треба девојка, туку мајка.
A, ваков тип на дечко не ѝ е потребен на ниту една жена. Се сомневате дека и партнерот покрај вас е еден од нив? Ако ги прави овие работи, дефинитивно е премногу детинест за вас.
Четирите знаци дека сте во врска со незрело дете, а не сериозен маж се:
1. Мисли дека е изразито зрел
Но, во суштина, се однесува потполно спротивно. Несозреаните мажи најчесто за себе мислат дека се неверојатно сериозни и зрели за својата возраст, а доколку им кажете дека тоа е далеку од вистината, ќе полудат - баш како и детето кое слуша дека не може да добие нешто.
2. Агресивно реагира при расправија
По правило, кавгите и расправиите го извлекуваат најлошото од секој човек, ама повеќето возрасни луѓе сепак знаат како цивилизирано да се караат. Од друга страна, незрелите и детинести фраери – не го знаат тоа.
3. Сака да ги прави само работите што тој сака да ги прави
Не мора да објаснуваме дека тоа не оди така, зар не? Особено во љубовните односи, каде обајцата партнери се рамноправни учесници во врската. Затоа се двојка, нели?
4. За сѐ ги обвинува другите
Ниту еден проблем всушност не е по негова вина. Дури и тогаш кога е сосема јасно дека не е во право, тој ќе пронајде начин својата кривица да ја префрли на некој друг.
М. А. | Црнобело