Зошто го одбив за втора средба?

Секој има свои причини поради кои не сака да излезе на втор состанок со некого. Сепак, овие се, признаваат и самите девојки кои не се согласиле на повторна средба заради нив - поприлично глупави.

devojki-odgovaraat-zoshto-go-odbiv-za-vtora-sredba-001.jpg

Запрашани да ја откријат причината поради која го одбиле додворувачот за уште едно видување, неколку припаднички на понежниот пол ги наведоа следните:

„Не отидов на втора средба со фраерот, бидејќи на првата се појави во чевли со мала потпетица, кои нонстоп тропкаа по подот како да се женски. Ми беше многу непријатно цело време. Се разбира, ни самиот фраер не беше нешто посебно, ама чевличките пресудија.“

„Бидејќи му заѕвоне мобилниот телефон, а од звучникот почна да ечи турбофолк музика. Тоа не е нешто кое сакав некогаш да ми се повтори.“

devojki-odgovaraat-zoshto-go-odbiv-za-vtora-sredba-2.jpg

„Бев на состанок со дечко кој не се ни фати за паричникот кога требаше да ја платиме сметката. Дури не ни глумеше дека го бара, ме пушти мене сѐ да платам. Во суштина, тоа воопшто не е глупава причина за одбивање на втора средба.“

„Го одбив за повторна средба, бидејќи типот сакаше уште веднаш да направиме селфи и чек-ин во кафулето каде седeвме. Не знам дали намерата му беше да докаже дека излегол со девојка, или, пак, само е многу чуден лик, но во секој случај, вториот состанок веќе не беше опција.“

devojki-odgovaraat-zoshto-go-odbiv-za-vtora-sredba-3.jpg

„Еден фраер со кого бев на средба, толку гласно, брзо и ненаситно јадеше, што мислев дека ќе ми се слоши уште на првиот состанок.“

„Затоа што имаше пискаво гласче и ми беше ужасно непријатно да бидам видена со него во јавност. Знам дека не е убаво од моја страна, ама не можев.“

devojki-odgovaraat-zoshto-go-odbiv-za-vtora-sredba-4.jpg

Глупави или разумни причини – кое е вашето мислење?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg