5 причини поради кои жените ставаат крај на бракот
Познато е дека жените се тие кои подолго се борат за да опстои бракот, отколку мажите.
Ќе направат сè за да ѝ дадат шанса на љубовта, понекогаш поради љубовта кон партнерот со кој сакаат да останат, понекогаш поради децата. Но, има моменти кога жените одлучуваат да стават крај на бракот и да се разведат.
Еве ги најчестите причини за тоа:
Се чувствуваат како партнерот да ги зема здраво за готово
За бракот да успее, мора да се потрудат и двете страни. Кога жената веќе подолго време се чувствува запоставено и без љубов и внимание од сопругот, тоа е прв знак дека размислува за развод.
Со партнерот секогаш се караат за истите работи
Кога брачните партнери со години имаат исти проблеми и се караат за едни исти работи, а никој не сака ништо да преземе околу тоа, во еден момент мора да настане кулминација и еден од нив да пресече.
Жените обично се тие на кои им паѓа многу тешко што партнерот не ги слуша и не сака да промени некои работи, па први креваат раце од ситуацијата.
Не се задоволни од сексуалниот живот
Иако на прв поглед се чини како ова да е причина поради која мажите би го напуштиле бракот, не е мал бројот на жени кои подолго време се чувствуваат незадоволно од сексуалниот живот.
За многу парови, сексот е показател за тоа каков е бракот, а недостатокот на интимност е нешто поради што жените одлучуваат да стават крај на бракот.
Не разговараат и не се чувствуваат емотивно поврзани со партнерот
Сите брачни терапевти ја потенцираат важноста на добрата комуникација во бракот. Ако жената со тек на време престане да разговара со партнерот за своите чувства, ја губи емотивната поврзаност со него, а тоа не е нешто што може да трае вечно.
Се разишле со партнерот
Во една врска, неизбежно е партнерите индивидуално да растат и созреваат. Често на тој пат се случува сопругата да се разиде со сопругот во однос на емотивна зрелост, животни ставови, желби и интереси.
Во тие моменти, жената не може веќе да поднесе да живее со некој со кој веќе немаат скоро ништо заедничко.
М. В. | Црнобело