3 причини зошто секогаш ги избирате погрешните мажи

Една од основните потреби на човечките суштества е да сакаат и да бидат сакани. Затоа што сме поврзани со врски уште од моментот кога ќе влеземе во овој свет, мислиме дека е лесно да избереме партнер кој ни одговара. Но, во реалноста многу жени завршуваат со погрешни мажи и неможат да сфатат зошто. 

3 pricini zosto sekogas gi izbirame pogresnite mazi 1

Зошто цело време завршувам со некого кој има страв од обврска? Зошто сум магнет за мажи кои изневеруваат? Зошто мажите кои ги избирам сакаат да ме контролираат? Зошто останувам во врска со мажи кои знам дека не се добри за мене?

Овие прашања можете да ги одговорите само ако погледнете длабоко во себе и го пронајдете изворот на вашиот проблем со мажите.

Сепак, еве ги трите најчести причини зошто секогаш завршуваме во прегратките на погрешен маж:

Страв

Да бидеме искрени, сите сме направиле неколку одлуки во животот поради страв. Но, кога станува збор за врски поради стравот можеме да направиме ужасни грешки. Кога донесуваме одлуки кои се базираат на страв всушност несвесно игнорираме некоја подлабока вистина.

Многу жени остануваат во несреќни врски кои не ги исполнуваат поради стравот да бидат сингл. Всушност овие жени би требало повеќе да бидат исплашени од фактот дека ако останат со таа личност ќе бидат несреќни и неисполнети цел живот со погрешна личност до нив.

Затоа што ви е веќе познато

Сите сме несвесно привлечени од некоја дисфункционалност одново и одново затоа што е нешто на кое сме навикнати, кое ни изгледа познато или кое не потсеќа на болките низ кои сме поминале во детството. Всушност многу често луѓето избираат партнери кои делат слични негативни карактеристики со нивните родители.

Сите имаме ментални и емотивни рани од детството, и ако тие рани се премногу длабоки и не сме им обрнале внимание со тек на времето стануваат патолошки. Проблемот е во тоа што во врските патолошките случаи привлекуваат други патолошки случаи. Затоа привлекуваме луѓе кои се ранети, и кои потсвесно мислиме дека ќе ги излечат нашите оригинални рани.

На пример луѓето кои пораснале со родители кои биле отсутни, често, без да сакаат завршуваат со луѓе на кои неможат да сметат. За жал, самите треба да се излечите и неможете да очекувате дека партнерот ќе ве излечи.

Немате самодоверба

Ништо не влијае повеќе на изборот на маж отколку хроничен случај на немање доволно самодоверба. Кога одлуката за партнер ја донесуваме додека немаме самодоверба, многу често свесно ги игнорираме црвените знаменца и остануваме во врска со личност која не ни одговара.

Никоја врска нема да го подобри чувството дека не заслужувате вистинска среќа, освен самите да поработите на вашата самодоверба. Да стигнете до фаза во која навистина ќе се сакате самите себеси и ќе се почитувате е тежок пат но вреден за одење.

Тоа значи дека треба да се соочите со вашите внатрешни демони, со вашата неадекватност и страв дека ќе останете сами. Откако ќе сфатите што е тоа што ве тера да ги избирате погрешните мажи, можете да ги промените негативните навики со нови и здрави навики.

A. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg