10 типови на мажи покрај кои нема да пронајдете вистинска среќа
6. Мажот кој не го сака вашето семејство и пријателите
Дури и да му одат на нерви, поради вас би требало да чувствува почитување кон нив. Секое поинакво однесување не е ни најмалку прифатливо.
7. Егоист
Толку е себичен, што мисли дека е подобар од вас, дека заслужува многу повеќе, односно дека вие трчате по него. Што понатаму да се каже?
8. Бадијалџија
Тој воопшто не помага во домаќинството, не тежнее кон подобра позиција или работа, често бара пари од вас, а вие не би требало да се грижите околу таков маж, затоа што едноставно не го заслужува тоа.
9. Прељубник
Ако знаете дека ја изневерувал својата поранешна партнерка, со вас или со друга жена, бидете сигурни дека тоа ќе ви го прави и вам, колку и да ви изгледа дека сте успеале да го промените. Тој е едноставно таков, а вие немате моќ да одите против неговата природа.
10. Мажот кој живее со родителите
Некои мажи немаат можност да го напуштат семејниот дом, но доколку има, а тоа не му паѓа ни на крај на памет, си имате работа со најлошиот вид на „мамин син“, што нема да ви ја пружи среќата за која мечтаете.
М. А. | Црнобело