Синдром на „добра девојка“ во врската: Дали го имате?
Факт е дека предобрите девојки не се добри за никого, посебно не сами за себе.
Дали некогаш сте слушнале за феноменот „добра девојка“, кој ја гуши целата хемија, енергија, сексуална привлечност и желба за градење на заедничка иднина?
Ова се сигнали дека несвесно го практикувате и што поскоро треба да прекинете, за да не ја уништите врската во која се наоѓате.
1. Зборчето „не“ не се наоѓа во вашиот речник
Посебно кога разговарате со партнерот, подготвени сте на апсолутно се, дури и да ги жртвувате своите планови и желби... само за да му бидете достапни.
2. Скоро секогаш се сложувате со неговото мислење
Бидејќи сметате дека ќе му бидете помалку привлечни ако го изнесете своето.
3. Константно го оправдувате неговото лошо однесување
Не е расположен, денот му беше тежок, месецот му е тежок, годината му е комплицирана... Секогаш имате некое оправдување за лошиот однос кон вас?
4. Правите било што што сака, само за да биде задоволен
И потајно се надевате дека ќе ја препознае вашата жртва и ќе ви врати со иста мерка.
5. Секогаш се ставате себеси на второ место
Сметате дека тој ја има предноста, додека вие се задоволувате со ситници и избегнувате сами да правите планови за иднината.
6. Никогаш не кажувате што ви пречи и очајно се обидувате врската да успее
Синдромот на добра девојка можеби им се допаѓа на мал број од момците, но повеќето сепак сакаат жени кои знаат да се изборат за себе. Оваа група на девојки кои постојано молчат и климаат со главата брзо стануваат здодевни.
М. Д. | Црнобело