Најголемите љубовни разочарувања: Како ми го скрши срцето?
Дефинитивно, нема полошо чувство од тоа кога некој што ви се допаѓа, или, пак, страстно го љубите - ќе ве отфрли. Но, до која мера може да оди бесчувствителноста на другата страна?
Што е пострашно – да ве остави саканата личност, со образложение дека вие сте поводот поради кој сексуално ја привлекува истиот пол, или, пак, само да си замине, без ниту еден кажан збор?
Корисниците на Reddit ги споделија своите искуства на оваа тема, и тоа не било какви, туку најбруталните љубовни разочарувања кои некогаш ги доживеале.
Еден корисник објасни, како после две години забавување, открил дека неговата девојка не ги споделува истите чувства како и тој:
„Не, ми кажа дека се заљубила во мојот брат, а дека единствената причина поради која се гледа со мене е за да му биде поблиска.“
Друга жена, пак, му приредила пекол на својот партнер, кога му рекла дека ја претворил во лезбeјка.
До кој степен може непријатно да ве изненади љубовта на вашиот живот, сведочи и дечкото кого девојката го оставила среде летување, и тоа на патувањето на кое планирал да ја запроси.
„Мене ми пријде симпатијата и рече дека ѝ се допаѓам. Кога се насмевнав, ми кажа дека се шегува и дека ме смета за најголем губитник.“ - дефинитивно е најболниот коментар на сурово одбиено момче.
Секако, најчестото искуство на сите останати е популарното „ghosting“, односно исчезнувањето на партнерот/симпатијата како дух, без никакво објаснување. За трендот кој загрижува, пишувавме неодамна, откривајќи дека дури 80% од луѓето раскинуваат на овој ужасен начин.
„Дали можеш барем нешто да ми кажеш? Што и да е, подобро е од тоа да седам сама како кретен, прашувајќи се што сум направила и каде сум погрешила.“ , заклучува една девојка.
Кое е најстрашното искуство што вие сте го доживеале?
М. А. | Црнобело