Како да изгледате самоуверено во новата врска?
Колку често сте биле сведок на ситуација во која жена влегува во собата и одеднаш сите луѓе ја гледаат неа, таа лесно се вклучува во разговор со сите и го примамува вниманието на секој што е внатре.
Сите ги знаеме тие жени. Тие не се секогаш најубави, најпаметни или најсекси, тие не се арогантни, тие се жени полни со самодоверба што ве тераат да сакате да бидете околу нив.
Што е всушност самодовербата освен разликувачки фактор помеѓу жени што секогаш го добиваат она што го сакаат и оние што остануваат во сенка?
Кога станува збор за сексот, работете на популарната психилошка фраза: Глуми додека сам не си поверуваш. Сè што ви треба е промена на ставот. Секоја жена, дури и најнесигурните помеѓу нас, можат да научат како да се чувствуваат секси и полни со самодоверба во кревет.
Некои од нас само што почнале да излегуваат, некои се во долга врска, некои омажени, некои разведени, но сите сакаме да успееме да бидеме што послободни и поопуштени со нашиот партнер.
Но, што кога имате нов маж во вашиот живот? Како да изгледате полно со самодоверба при несигурноста која сите ја чувствуваме во почетокот на врската?
Самодовербата е многу привлечна работа и запознавањето на нов маж може да ја стави вашата самодоверба на тест. Едно истражување направено од списанието AskMen вели дека има неколку знаци што ги издаваат жените во почетокот на врската за тоа колку се тие добри во кревет. Овие знаци се директно поврзани со вашата самодоверба:
1. Начинот на кој се бакнуват
2. Колку сте опуштени кога танцувате
3. Кави флертувачки погледи „фрлате“
4. Начинот на кој уживате во храната
5. Начинот на кој зборувате за сексот
6. Местото кое го предложувате за излегување, и најважно вашиот сексапил.
Не треба да изгледате како тв-ѕвезда за да бидете сексапилни. Се што ви треба е правилен говор на телото, здрава доза на самодоверба, талент за флертување и прекрасен парфем. Жена полна со самодоверба нема да стои пред мажот кој ѝ се допаѓа со скрстени раце преку градите поставувајќи кинески ѕид пред неа. Таа ќе покаже дека се чувствува удобно во својата кожа.
А. В. | Црнобело