Знаци дека е крајно време да излезете од врската

Кога се работи за љубовни врски, не постојат златни правила или прирачници кои може да ви помогнат. Ваше е дали ќе се борите или ќе се откажете.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-001.jpg

Ви откриваме 9 знаци по кои ќе познаете дека љубовта е „мртва“ и сте во врска без иднина.

1. Несреќни сте кога сте со човекот со кого сте во врска

Ако почесто сте несреќни, под стрес и се чувствувате непријатно во близина на партнерот, тоа е првиот знак кој не смее да го игнорирате.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-1.jpg

2. Не можете да ги правите работите кои ги сакате

Кога сте со „вистинската“ личност нема да има потреба да се воздржувате од било што. Може да бидете несмасни, детинести, будалести, и партнерот не би требало да има замерка на тоа ваше издание.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-2.jpg

3. Чувствувате дека сте под контрола

Контролата често се меша со грижа, и тука е замката во која не смее да западнете пред да биде доцна.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-3.jpg

4. Живеете во изолација

Ако имате ограничен контакт со пријателите и семејството, ограничен пристап до мобилниот или автомобилот, време е за црвено знаме.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-4.jpg

5. Чувствувате дека има љубомора во секоја можна ситуација

Посесивната љубомора и јавните љубоморни испади не се знак на љубов и тоа треба да си го зацртате еднаш засекогаш. Посесивноста се граничи со психичко малтретирање, затоа пресечете на време.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-5.jpg

6. Партнерот ви ги потценува достигнувањата

Вистина е дека не ви треба одобрување од партнерот или партнерката, меѓутоа поддршката е секогаш задолжителна. Желбата за прослава на туѓиот успех – исто така.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-6.jpg

7. Речиси е невозможно да си ја замислите иднината исто и заедно

Критериум кој мора да го исполнувате ако не сакате да си го трошите времето. Ако различно гледате на вашата иднина, јасно е дека сте во врска која не води никаде.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-7.jpg

8. Секогаш вие сте виновните

Веќе тука се работи за извежбана манипулација, каде секогаш едниот мора да биде виновен.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-8.jpg

9. Импулсивна, неконтролирана агресивност

Ако партнерот има точка во која се исклучува и следува импулсивна, неконтролирана агресивност, веќе сте во доволно опасна ситуација. Време е да ја напуштите.

znaci-deka-e-krajno-vreme-da-izlezete-od-vrskata-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg