Како да се справите со невидливото присуство на мајка му во вашата врска?

Почнувајки од Шарлот Јорк од омиленото шоу на скоро секоја модерна жена во денешницата ”Сексот и градот” па сè до Џенифер Лопез во хумористичниот филм Monster in Law, секојдневно гледаме како нашите омилени хероини се справуваат со тешки одлуки кога станува збор за врската помеѓу него и неговата мајка.

kako-da-se-spravite-so-nevidlivoto-prisustvo-na-majka-mu-vo-vasata-vrska-1

Дискусијата за невидливото присуство на мајка му во неговото однесување зазема голем замав во модерната култура. Но, како е во вистинскиот свет? До кој степен може односот со мајка му навистина да наштети во врската помегу тебе и твојот партнер? Што навистина се случува кога неговата мајка индиректно игра голема улога во твојата љубовна врска и што можеш да направиш во врска со истото?

Побуди ја својата внатрешна Шарлот Јорк и таа ќе ти покаже како да се справиш со неодминливото присуство на неговата мајка.

Што кога мајка му е...

Ситничар

Ако таа имала прекумерна контрола врз сите негови одлуки и била често незадоволна од неговите достигнувања, тогаш станува збор за мајка-ситничар. Ова е тип на доминатна, анксиозна мајка за која изгледот е сè. Таа секогаш му вршела притисок со нејзините перфекционситички очекувања и недостижни стандарди. Притисокот од мајка перфекционист може да го задржува во развивањето на неговите социјални вештинии регулирањето на неговите емоции.

Децата кои растеле со мајка-ситничар имаат најголем проблем со изразување на своето мислење во караница. Тие секогаш ќе избегнуваат конфликт со вас како што избегнувале со нивните мајки. Нивни позитивни атрибути во љубовна врска може да бидат одговорност и упорност затоа што тие се навикнати цело време да бидат во натпревар со себеси за да станат подобри индивидуи.

За да одржите здрава врска со син на мајка перфекционист, важно е за време на несогласување да пробате да го изразите своето мислење а притоа да останете срдечен кон партнерот. Немојте да бидете престроги, инаку ќе направите да се чувстува како мало дете што направило нешто лошо пред неговата мајка.

Отсутна

Неговата мајка била отсутна, таа можеби секогаш работела премногу или не била тука за него во тешки времиња. Станува збор за мајка-негативка. Поради ова тој ги има отфрлено авторитетот на мајка му и сите нејзини мислења не значат ништо во неговиот живот. Тој живее во моментот. Никогаш немал безбедна приврзаност со личност од спротивен пол, што придонесува за негова емотивна стагнација.

Многу е тешко да го прочитате, секогаш е изгубен во мислите и може да има сомнителни мотиви. Недостатокот на интерес кон неговата мајка може да се претвори во брзо губење на интерес кон вашата врска.

Ако сте во врска со син на мајка-негативка внимавајте неговото однесување да не ве доведе до постојана состојба на „на него само му треба љубов”, и не дозволувајте тој да ја злоупотребува вашата посветеност. Меѓутоа, дајте му до знаење дека сте тука за него и дека може да ви верува.

Папочна-врвца

Таа е секогаш тука за него. Нивниот однос е вкоренет од двата краја. Ова е тип на мајка што е премногу блиска со својот син. Таа претставува идеал за тоа што треба да поседува неговиот љубовен партнер и тој мисли дека никогаш никоја нема да биде ни прилично таква жена како што е мајка му.

Овој тип на мажи обично имаат проблем со емоционална зависност од нивната мајка и оставаат многу малку простор и време за љубовни врски.

Што ова значи за вас? Ова значи дека сте во врска со мамин син. Не сè што прави во однос со мајка му треба да го сфаќате лично. Но, внимавајте одобрувањето на неговата мајка да не стане од исклучително значење, и таа да не биде творец на одлуки во вашата врска.

Ако мајка му е премногу емоционална блиска имаме мамин син, ако е премногу отсутна имаме женкар. Опуштете се! Повеќето мајки не ги вадат своите бесови и стравови врз нивните деца.

Нормални мајки има и тоа многу, и тие имаат нормални синови кои нè сакаат поради тоа што сме и не нè користат како замена на нивната мајка. Сè што треба да направите е да внимавате на знаците, пратете ги сите индикатори на почетокот на врската, и не наоѓајте изговори ако некој се однесува лошо кон вас. Бидете паметни при бирањето на битките, не сите се вредни за борење.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg