6 работи кои ви се случуваат кога вашата најдобра другарка е вашата сродна душа

Да најдете вистинска најдобра другарка е исто како да најдете партнер. Ќе запознаете многу луѓе во текот на животот. Некои од нив ќе останат со вас до крај и ќе биде голем дел од вашиот живот. Ако сте доволни среќни, ќе ја запознаете вистинската другарка. 

6-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-koga-vasata-najdobra-drugarka-vi-e-srodna-dusa-1

Не сите успеваат да најдат сродна душа во нивните другари, но за оние што успеваат во тоа, сигурни сме дека тоа ви е најдобрата врска која сте ја имале во животот.

Кога ќе ја запознаете вашата сродна другарка, ќе почувствувате инстантна поврзаност, вашето пријателство ќе расте брзо од ден на ден и ќе биде тука една за друга за што и да е потребно.

Еве ги 6те работи кои ќе ги почувствувате ако вашата најдобра другарка ви е сродна душа:

1. Се разбирате со поглед

Нема потреба да кажете нешто на вашата другарка, таа веќе знае. Зборувањето со очи е како супермоќ на жените, и колку повеќе се знаете една со друга толку повеќе можете да ја користите таа моќ. После некое време нема ни да имате потреба премногу да се објаснувате, едноставно со еден поглед се ќе знаете.

2. Лесно ги решавате конфликтите

Имате ефективен начин на кој ги решавате конфликтите. Го разбирате изворот од каде доаѓа проблемот и не дозволувате да се карате или тоа да застане помеѓу вашето дружење. Кога вашата другарка ви е сродна душа, речиси ништо неможе да ве раздвои.

3. Не мора да правите којзнае што за да си поминете убаво

Со вашата другарка се е интересно, се додека сте заедно. Независно дали седите дома, работите или одите на шопинг, секогаш си поминувате убаво. Ако понекогаш животот ве раздвои на некој период, знаете дека кога ќе се сретнете сè ќе биде како времето да застанало.

4. Не се натпреварувате една со друга

Немате потреба да се натпреварувате. Кога за некого искрено се грижите, му посакувате се најдобро. Нивниот успех може да го искористите само како мотивација за и вие да успеете, и ќе ги поддржувате во нивните амбиции.

5. Имате многу шеги кои само вие ги разбирате

Една од најдобрите работи во другарството се неограничениот број на внатрешни шеги. Колку што се зголемува вашето пријателство, така и капацитетот за шеги се зголемува без да приметите. Можете да се смеете до толку што ќе изгубите воздух, а никој од страна нема да разбере зошто се смеете.

6. Секогаш сте искрени една со друга

Никогаш не ја филтрирате вистината и секогаш ги кажувате работите искрено и реално како што се. Вашата другарка е таа кај која одите кога не сте сигурни што да му пишете на момчето кое ви се допаѓа или на која ја прашувате дали сте добро облечени. Таа знае да ви каже кога нешто не е во ред, а кога беспотребно се грижите.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg