7 знаци дека сами си ја уништувате врската
Кога нешто ќе тргне наопаку, склони сме на лоша навика – да го обвинуваме партнерот.
Но, како што требаат двајца за да се изгради врската, така не е возможно само едниот да е виновен.
7 знаци дека вие самите во голема мера си ја уништувате врската, иако сите негативности му ги препишувате на партнерот:
Зависни сте од социјални мрежи и мобилниот телефон
Ако поминувате повеќе време гледајќи во телефонот, отколку во ликот на партнерот, тоа може да биде екстремно опасно за вашата блискост.
Најдете начин или направете план како да не го користите мобилниот додека сте излезени заедно.
Не знаете да си ги одредите приоритетите
Внимавајте деловниот набиен распоред да не ви го наруши приватниот распоред. Неопходно е да имате листа на приоритети и временски рокови.
Почитувајте го „минималното“ 2/2/2 правило како за почеток: одете на љубовни состаноци барем еднаш во 2 недели, одете на викенд барем на 2 месеци и одете на еден опуштачки одмор барем еднаш во 2 години.
Не нудите поддршка
Едноставно „браво“ или „ти благодарам“ е сосема доволно, не ви требаат тривијални гестови. Запаметете дека на секој му е потребен убав збор, дури и за најмалите работи.
Разговарате формално
Не се плашете да споделите емоци и детали, како и да слушнете што има да каже другиот. Измислете нови прашања. Наместо „како помина денес?“ прашајте „што беше најинтересното што ти се случи денес?“ Обидете се да отворите дискусија на секој можен начин.
Се лутите за ситници
Не правете од мравка – слон. Ако партнерот ја заборавил пастата за заби отворена, затворете ја без многу галама.
Ако е склон да ги расфрла валканите парчиња облека, известете го дека ги перете само работите од корпата за валкана облека. Кога ќе остане без ништо чисто – пораката ќе биде јасна.
Не знаете да разговарате
Кога имате сериозен проблем, не бегајте. Тоа што ќе се вратите дома кај родителите нема да реши ништо. Исто и тоа што ќе станете од локалот и ќе го оставите партнерот сам.
Разговор е магичното зборче.
Немате доверба
Ако сакате топол и близок однос, научете да верувате дека партнерот е искрен со вас. Не го напаѓајте и малтретирајте психички со проверки. Сконцентрирајте се на доброто и убавото.
М. Д. | Црнобело