Како мажите ги манипулираат жените?
Пред да дозволите да се чувствувате потполно празно и искористено, обрнете внимание на особините кои биле мамката за манипулација.
Најдобрата превенција од разочарувањето дефинитивно е отворањето четири очи и свесноста за туѓите постапки.
Постојат бројни женски особини кои се мамка за мажите, но не е ретка и обратната ситуација.
Како мажите ги манипулираат жените?
Преку сочувствувањето
Дали некогаш сте сретнале маж кој се жали дека целиот свет е против него, а тој, како совршен, се труди да постапува правилно кон сите кои ќе ги сретне, обидувајќи се да биде сфатен?
Дали сте се запрашале како некој постојано може да е безгрешен, да го анализира секој повик и секоја постапка во денот, а притоа никој да не го разбере?
Постојат мажи кои свесно или несвесно целат на женската емпатија. Не паѓајте на овој трик. Ако некој изгледа дека сака само сожалување, немојте да помагате – бидејќи не можете.
Преку вашите желби
Речиси секој човек има нешто што го сака, а го нема. И тоа не е проблем, проблемот е кога не можете своите лични желби да ги зачувате само за себе, бидејќи тој веднаш нешто се сомнева дека ќе направите без него.
Бидете реални кога ги споделувате желбите. Нагласете дека некои работи се само ваши и не сакате некој друг да ви ги исполнува.
Преку вашето време
Ако не можете да си го нормализирате распоредот и да си оставите време за себе, бидејќи тој е вклучен во секоја минута од вашиот живот, веќе сте отишле предалеку.
Монополот над вашето време најчесто се случува со долги телефонски разговори баш кога треба да се подготвите да излезете, детално интересирање за времето кога излегувате и кога се враќате, детално прилагодување на вашите и неговите планови, таинствени итни случаи и секаков друг начин на кој тој ќе се обиде да ви го украде времето.
Не губете време држејќи се за некој кој постојано сака да ве контролира.
Преку вашата доверба
Зависно од искуството, на секој му треба различно време за да стекне доверба. Не е убаво да бидете параноични, но не е убаво ниту да бидете слепи.
Кога партнерот еднаш ќе стекне доверба во вашите очи, тоа не значи дека се понатаму му е дозволено.
Внимателно детектирајте ги знаците на лаги и невистини.
Преку вашата дарежливост
Ако вложувате време, способности, нерви, талент, простор во кој живеете, пари, тоа треба да се цени. Сакајќи да дадеме максимум, често си правиме штета на своја сметка.
Со оглед на тоа, манипулацијата е прелесна во овој случај. Ако забележувате дека постојано вие сте во било каков минус и врската ве исцрпува енергетски или парично, тешко е да престанете, но морате.
М. Д. | Црнобело