6-те најголеми лаги за љубовта, во кои не треба да верувате повеќе
Поради погрешната слика што ја добиваме од родителите, пријателите, или, пак, романтичните холивудски филмови, често имаме потполно погрешна перцепција за идеалната љубов.
Кои се митовите во кои не треба да верувате повеќе? Во продолжение, ви ги откриваме шесте најголеми лаги за љубовта:
1. Мора да има очи само за вас
Тоа е прилично себично и нереално барање. Или, можеби, сакате и можете самите на себе да си ветите дека никогаш нема да погледнете ниту еден друг маж до крајот на својот живот?
2. Ако почнете да се двоумите околу врската, тоа е почеток на крајот
Доколку започнете да размислувате дали партнерот е навистина личноста со која би го поминале својот живот, тоа не мора веднаш да значи и дека врската ќе пропадне. Потполно нормално е некогаш да ги преиспитате своите чувства.
3. Сексот мора да биде добар
Погрешно. Ако не е добар, секогаш може да се поправи.
4. Мора да имате слични карактери
Темелните вредности би требало да бидат слични кај партнерите. Од друга страна, луѓето со комплетно различни карактери може да бидат во среќни во врската, во еднаква мера како и луѓето кои имаат исти карактерни особини – иако, секако, тоа не секогаш е лесно.
5. Вистинската љубов се наоѓа само еднаш во животот
Мноштво луѓе имале среќа да пронајдат повеќе големи љубови во текот на животот.
6. Само ако сте во врска можете да бидете среќни
Чиста глупост! Животот ни нуди многубројни други начини на кои може да ја покажеме, но и примиме љубовта. А, тоа не мора задолжително да биде во облик на роматична врска. Не мора да имате своја „подобра половиа“, за да се чувствувате целосни.
М. А. | Црнобело