Славни парови кои докажуваат дека љубовта може да опстои и без брак

Луѓето се запознаваат, се заљубуваат и се венчаат. Но, дали е секогаш бракот неопходен?

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-01.jpg

Има многу парови кои се долго време заедно, нивната врска е исполнета со љубов, па дури имаат и деца, но не сметаат дека мора да бидат во брак.

Погледнете кои славни парови веруваат дека за среќа и силна врска, не е потребно истата да се официјализира:

Шакира и Жерар Пике

Шакира и нејзиното момче, фудбалерот Пике, се заедно 7 години и имаат 2 сина, но сѐ уште не се во брак.

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-04.jpg

Голди Хоун и Курт Расел

И покрај фактот што овој пар е заедно повеќе од 3 децении, тие не се брзаат да се регистрираат. „Се сакаме и секако, како секое семејство некогаш се караме, но сакаме да бидеме заедно.“

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-02.jpg

Тина Тарнер и Ервин Бах 

Да бидеме искрени, овој пар не се вклопува целосно со сите останати, бидејќи тие во 2013-та се венчаа. Но, тие беа во врска 27 години пред да ја официјализираат истата.

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-03.jpg

Ева Мендез и Рајан Гослинг

Како и многу холивудски парови, така и Ева и Рајан се запознаа на снимање. Иако во текот на овие години имаше гласини за нивно раскинување, сепак тие имаат 2 прекрасни ќерки, а тоа значи нешто.

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-05.jpg

Ана Курникова и Енрике Иглесијас

Руската тенисерка и пејачот беа мета на многу гласини кои се ширеа за брак, па за разделување и за бременоста на Ана. Но, по сѐ изгледа, Ана и Енрике се сѐ уште среќни заедно и немаат намера да променат нешто.

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-06.jpg

Опра Винфри и Стедман Грахам

Опра и нејзиното момче, бизнисменот Стедман, се заедно повеќе од 30 години и имаа во план да се венчаат уште во 1992, но очигледно се предомислија. Таа ова го објаснува со фактот дека се задоволни од својата врска и немаат потреба од брак.

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-07.jpg

Наталија Водјанова и Антуан Арно

Кога се запознале, Наталија била сѐ уште во брак со Џастин Портман. Сега таа и Антуан се заедно 6 години и имаат 2 заеднички деца и 3 од нејзиниот прв брак.

7-slavni-parovi-koi-se-dokaz-deka-brakot-ne-e-presuden-za-ljubovta-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg