6 работи кои ќе ги научите за вашето момче на првиот заеднички одмор
За многу парови летото значи дека е време за голем чекор во врската, првиот заеднички одмор. До сега сигурно сте се договориле што ќе правите ова лето, и едвај чекате да дојде денот. Но, колку и да е возбудливо и прекрасно, важно е да знаете дека одморот може да го покаже најдоброто но и најлошо кај секој партнер.
Одморот е првиот тест да видите дали вашата врска може да функционира под нови околности.
Исто така ќе ви ги открие и најважните карактеристики за карактерот на вашиот партнер и ќе научите многу нови работи за него. Некои парови после одмор се зближуваат, а некои се оддалечуваат.
Сепак, неможете доволно да знаете некој со кого не сте патувале никаде. Еве 6 работи кои ќе ги научите ова лето за вашето момче:
1. Како се справува со стрес
Патувањето е прекрасно, но сепак неможете да ги избегнете стресните ситуации. Дали ќе стигнете на време на аеродром, дали ќе ви расипе автомобилот или пак дали ќе имате доволно пари во вас.
Има многу ситуации кои можеби и нема да бидат во ваша корист. Внимавајте на тоа како тој ќе реагира, дали ќе полуди и ќе почне да се кара со сите или пак ќе остане мирен и приземјен.
Дали врз него многу влијаат овие ненадејни промени и дозволува да му го уништат одморот, дали цело време се жали или едноставно до него не допираат вакви работи.
За многу кратко ќе разберете како се справува со неизбежниот стрес во животот.
2. Дали сака да прави планови, или не
Кога патувате секојдневните планови се она што го прават вашиот одмор да биде прекрасно искуство.
Важно е да комуницирате и да си ги знаете очекувањата еден со друг. Некои луѓе обожаваат планови и сакаат да имаат распоред, додека други се спонтани. Ниедно не е лошо, се во тоа како ќе направите компромис.
Едниот можеби ќе сака цело време да лежи на базен, додека другиот ќе бара авантури. Ова е прв показател за тоа како ќе го поминувате вашето време во иднина.
3. Како се справува со буџетот
Нема подобар начин да приметите како вашиот партнер се справува со финансиите.
Ќе видите за што најмногу тој мисли дека вреди да ги потроши парите, дали на хотел, храна, шопинг или алкохол, но исто така ќе видите и колку е внимателен со парите.
Важно е да имате увид во неговите навики за трошење и за тоа како ќе се договорите заедно да ги потрошите парите.
4. Како се справува со конфилкти
Цел одмор нема да биде само насмевки и сонце. Конфилктите се нормална работа на одмор.
Внимавајте како се справува со конфликтите, дали неговите реакции се претерани и дали останува лут долго време и дозволува тоа да го уништи одморот.
Исто така ќе забележите и дали ќе биде на ваша страна и ќе ве почитува ако имате конфликт со трета личност.
5. Дали е слободен да побара помош
Некои луѓе имаат голем проблем да побараат помош, дури и ако е за многу мала работа. Ако ви е тешко да побарате помош тоа најчесто значи дека немате доволно самодоверба или дека се чувствувате неадекватно.
Тоа е навистина потребна карактеристика, да можеш да побараш помош е навистина важно. Дали е за ориентација во новиот простор, за превод или слично. Обрнете внимание на тоа колку вашиот партнер е слободен да побара помош.
6. Како се однесува кон другите
Кога ќе одите на одмор, најдобро ќе видите како вашиот партнер е подготвен да се адаптира на новата околина и како се однесува кон другите луѓе.
Дали се однесува со почит кон хотелскиот персонал, дали помага во група на луѓе на кои им е потребна помош? Кога сте во нова средина, ќе сфатите како тој се однесува кога е соочен со нови искуства. Ако сакате да бидете со некој кој е толерантен, добар и љубезен сега е време да сфатите дали тој има шанси да биде таков.
Вистинскиот карактер на вашиот партнер ќе излезе на виделина кога тој ќе биде надвор од неговата комфор зона.
А. В. | Црнобело