5 знаци дека вие сте „отровот“ во врската
Кога се говори за токсични партнери во љубовниот однос, некако природно е да се претпостави дека секогаш станува збор за некој друг, а не за нас. Но, што ако во вашата врска, „отровната“ личност сте токму вие?
Ова се петте знаци што откриваат дека проблемот не лежи во партнерот, туку во самите вас:
1. Никогаш не сте криви
Дури и кога е очигледно дека сте, пронаоѓате начин да ја префрлите вината на другиот. Таквото однесување е сосема јасен знак дека баш вие сте токсичниот елемент во вашиот однос.
2. Кажувате работи кои „не сте ги мислеле“
Кога се расправате, не ги избирате зборовите, туку намерно удирате таму каде најмногу боли. А, тогаш кога навистина ќе ја повредите другата страна, со солзи се обидувате да се извлечете од ситуацијата, говорејќи дека „не сте го мислеле она што сте го рекле“.
3. Сè мора да биде по ваше
Компромисот не ви е непознат поим, но ретко гледате потреба од него, затоа што верувате дека баш секој пат сте во право.Токсичните особи едноставно немаат способност да пуштат некој друг да победи.
4. Манипулирате и уценувате
Кога се караниците во прашање, не бирате средства со кои ќе дојдете до победата. Важно ви е да излезете како победник, а уцената ви е меѓу омилените средства за манипулација.
5. Mолите да остане
Кога ќе претерате и кога се чини дека сè е готово, не се колебате да молите за прошка, иако знаете дека не ви е жал. Стравот од самотија е појак од вашите желби за победа. Но, штом добиете втора шанса, веднаш се враќате на старо.
М. А. | Црнобело