13 работи кои ниту еден маж не би ги споделил со својата партнерка
Велат, секоја жена крие по некоја мистерија. Но, што е со мажите?
И мажите исто така имаат свои тајни, кои ниту една девојка не би успеала да ги погоди.
Ова се работите кои мажите никогаш не би ги споделиле со своите партнерки.
1. „Сакаме сигурни девојки“
Мажите ги гледаат жените како што тие се гледаат помеѓу себе. Ова е причината зошто еден маж повеќе би избрал харизматична девојка, отколку физички привлечна девојка. Самоувереноста ги прави девојките да бидат уште попривлечни.
2. „Важно ми е како изгледаш“
Мажите не ги интересира дали нивните сакани носат модерна облека. Секој маж сака да ја види својата сакана во комбинација која ќе биде секси и елагантна во исто време, но без да се премине во вулгарност.
3. „Не знам како да го направам тоа“
„Да се биде маж“ во очите на жената е иклучително важно. Затоа мажите се спремни да се зафатат со било каква работа, иако понекогаш не се сигурни дали ќе успеат. Тие треба да бидат силни и паметни пред своите жени, без разлика дали ќе можат да одговорат на предизвикот или не.
4. „Се чувствувам збунето кога ќе ми поставиш трик прашање“
Жените често знаат да прашаат „Дали сум дебела?“, правејќи тажен израз на лицето. Доколку одреден фустан ја прави девојката да изгледа подебело, мажот иако го забележува тоа, сепак ќе одговори со комплимент.
5. „Не можам да си го дозволам тоа“
Мажите постојано се натпреваруваат, речиси во сите области. На пример во пиење на пиво со своите пријатели, и притоа не сакаат да прифатат неуспеси. Затоа тие не можат да и кажат на девојката дека не можат да си дозволат нешто, што некој друг може.
6. „Љубоморен сум“
Мажите не ги изразуваат своите чувства отворено. Доколку забележат како девојката флертува со некое друго момче, тие нема да реагираат бурно, но длабоко во себе не можат да го скротат неспокојот.
7. „Ми се допаѓа твојата сестра/пријателка“
Доколку вашата пријателка или сестра е физички привлечна, тоа нема да остане незабележано од вашето момче. Но, сепак тој никогаш нема да проговори за тоа. Во секој случај, глупаво е да мислите дека вашиот партнер ќе биде „слеп“ за другите девојки.
8. „И ние ве анализираме вас девојките“
Девојки, доколку некое момче ве покани на вечера, тоа не значи дека треба да започнете со бирање на венчаница. Флертувањето, шегите и насмевките се само знак дека тој е заинтересиран за вас, но не и дека ќе остане ваш засекогаш.
9. „Сакаме комплименти“
Најчесто комплиментите ги делат мажите, но понекогаш и тие сакаат да слушнат по некој комплимент. Тие мали нешта може да доведат до големи промени.
10. „Сакаме женствени работи“
Исто како и жените, и мажите сакаат да водат грижа за својот изглед. Средените нокти и меката кожа се приоритет за многу луѓе. Исто така и мажите знаат да се релаксираат гледајќи некоја ТВ емисија.
11. „Се плашам!“
Секој човек има одредени фобии и стравови, меѓутоа мажите не сакаат да зборуваат за тоа. Ниеден маж нема да ви признае дека се плаши од пајаци или од темница, за да не ја покаже својата слабост.
12. „Јас сум господар на криењето чувства“
Секоја девојка пролева по некоја солза при кулминацијата на некој романтичен филм. Истото се случува и со мажите, иако никогаш не го признаваат тоа и тајно ги бришат своите солзи.
13. „Не се откажувам од ништо без причина“
Мажите никогаш не се откажуваат од нешто за што се заинтересирани. Тие не прават ништо без причина. И доколку е принуден да напушти некоја девојка која ја сака, тоа нема да го направи одеднаш, бидејќи таа има одредено место во неговото срце.
М. С. | Црнобело