8 квалитети кои се неопходни за среќна врска

Една од најтешките работи кога станува збор за наоѓање на партнер е да пронајдете некој кој има компатибилни вредности со вашите кога станува збор за врски. Да пронајдете некој кој ги сака истите работи како и вие е тешка мисија. Почетокот на секоја врска е пробен период во кој треба да размислите дали можете да живеете со вредностите на вашиот партнер.

8-kvaliteti-koi-se-neophodni-za-srekjna-vrska-001.jpg

Иако не е тајна дека многу луѓе сакаат различни работи, врските обично се направени да бидат многу комплицирани иако нема потреба тоа да биде така. Кога навистина добро ќе размислите, единствено овие 8 квалитети всушност се многу важни, и за нив треба исто да размислувате со вашиот потенцијален партнер:

1. Доверба

Довербата е на прво место во врската, затоа ова е првото нешто што треба да го барате од партнерот. Треба да бидете во можност да му верувате на вашиот партнер дека ќе ви биде верен и дека може да донесува добри одлуки кои би биле во корист на двајцата. Не треба никогаш да бидете ставени во ситуација во која треба да се грижите дали одлуките на вашиот партнер може негативно да влијаат на вас.

2. Другарство

Најдобрите врски се оние кои произлегуваат од другарство. Треба да имате стабилно и солидно другарство пред сè и ви треба вашиот партнер да ви биде другар во исто време. Со другарите се чувствувате слободно, можете да го покажете вистинското лице, можете да се шалите до бескрај а сепак да бидете сериозни и да очекувате поддршка во тешки времиња. Истото треба ад го очекувате и од врските.

3. Искреност

Додека сте искрени еден со друг сè е во ред. Ова се однесува на било која стиуација во која можете да бидете ставени во текот на врската. Ако нешто не ви одговара вам или на вашиот партнер кај другиот треба да бидете искрени еден со друг за да откриете каде е изворот на проблемот. Можеби некогаш ќе се разочарате од искрениот одговор, но доколку е кажано со вкус тогаш тоа е најголем знак дека некој ве почитува.

4. Авантура

Би било неверојатно убаво вашиот партнер да го поседува овој квалитет. Животот знае да биде неверојатно тежок и напорен, затоа ви треба некој кој е спонтан и кој секогаш сака да пробува нови работи. Независно дали се работи за бегање некаде на еден викенд или патување низ светот, ви треба некој кој ќе сака да побегне од реалноста со вас одвреме навреме.

5. Хумор

Смисла за хумор е исто така еден од многу важните квалитети. Кој не сака да се смее или да ги насмева другите околу него. Тоа е едно од најдобрите чувства на светот и ви треба некој кој ќе го дели истото мислење со вас за ова. Не постои нешто со што не би можеле да се справите доколку знаете како да се насмеете за потешкотиите во животот со вашиот партнер.

6. Независност

Секој треба да си биде свој човек. За да ја задржите врската не значи дека целосно треба да го прифатите животот на вашиот партнер и дека треба да ги правите истите работи. Треба да си останете своја личност, со свои интереси, желби и амбиции. Малку емотивна независност е чекор понапред кон здрава и долготрајна врска.

7. Посветеност

Очигледно, овој квалитет е еден од најважните. Не во смисла на посветеност, дека си во врска само со еден човек, туку кога некој навистина ви е посветен и знаете дека ќе остане со вас колку и да станат тешки работите. Дека нема да избега и да ве остави на цедило, и некој кој верува дека сте вредни за трудот кој ќе го направи за вас.

8. Трпеливост

Трпеливоста оди рака под рака со идејата за посветеност. Сите сме комплицирани на некој начин и сите носиме некој багаж со нас. Идејата е да пронајдеме партнер кој е спремен да ги издржи тешките делови за да може да ги има и добрите делови. И тоа не е многу да го барате од партнерот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg