Како да не влезете во искушение да се смирите со бившиот/ата?
Понекогаш, раскинувањето е токму тоа што ни треба. Можеби во моментот не изгледа така, туку се чувствувате како животот да ви удрил шлаканица, а болката и пецкањето е многу силнa.
Единственото нешто што сакате да го правите е да бидете со личноста која веќе не ви е достапна.
Многу е тешко да се соочите со реалноста дека врската е завршена. Но, како сè во животот, така и тие чувства имаат рок на траење.
Кога ќе ја прифатите реалноста со тек на време ќе се научите и како да се справувате со болката. Времето ги лечи сите рани, ако му дадете шанса. Иако можеби ви изгледа како светот да ви се руши под нозете, работите ќе бидат во ред.
Еве неколку начини да се справите со болката кога ништо не изгледа подобро од тоа да бидете со него/неа:
Не брзајте се да почнете нешто ново само за да ја пополните празнината
Правило број еден после секое раскинување. Не е фер за тебе, а ниту пак за другата личност и дефинитвно не е првото нешто што треба да го направите за да помине болката.
Можеби таа личност е баш тоа што ќе ви треба во иднина, но ако избрзате и влезете во нова врска кога не сте подготвени можете да уништите нешто што има потенцијал да биде прекрасно во иднина.
Одморете од социјалните мрежи
Тргнете се од Фејсбук и Инстаграм на некој период. Немојте да следите што прави вашиот бивши парнер и немојте да се опседнувате со работи кои само ќе ви направат да се чувствувате уште полошо.
Она што ви треба е да не знаете што се случува во животот на таа личност повеќе.
Ќе ги одморите мозок и срцето и ќе се спасите од непотребна болка.
Во ниеден случај не пробувајте да ја контактирате таа личност
Работите завршија со причина иако сега не ви изгледа како да е така. Немојте да барате моментална утеха и да ја влошувате ситуацијата.
Исполнете го вашето време со работи во кои уживате
Бидете зафатени. Дружете се со повеќе луѓе, надокнадете го времето што го поминавте во врска со нови работи кои можете да ги правите само додека сте сингл.
Вашето време сега е само ваше и искористете го максимално.
Немојте да се самосожалувате
Да, имате право да се чувствувате тажно одреден период, но немојте да дозволите да ви стане навика. Не губете време на самосожалување затоа што тоа нема да ве однесе никаде.
Не смеете да дозволите некоја друга личност да биде поважна од вас самите и да придонесува кон тоа на ваков начин да го губите вашето време.
А. В. | Црнобело