8 лекции од жените кои изгубиле премногу време со погрешно момче

Прилично болно е кога љубовната врска се распаѓа после толку многу години. Чувствувате дека сте биле со погрешниот партнер и сте изгубиле драгоцено време.

8-zapovedi-na-zenite-koi-izgubile-premnogu-vreme-so-pogresnoto-momce-01.jpg

Одеднаш и вие се чувствувате изгубено и беспомошно. Но, некои жени собрале доволно храброст да ги споделат своите искуства со другите и да ни пренесат 8 женски заповеди кога станува збор за неуспешни долги врски.

Приказната наречена „погрешен партнер“ не мора да значи дека треба да има несреќен крај, напротив. Ова се 8 приказни со краеви кои ќе ви помогнат да си го излечите скршеното срце и да го составите повторно:

Научи да се ставаш себеси на прво место

„Пред да се омажам бев во врска со момче кој ме научи навистина добра лекција. А таа е: Секогаш ставајте се себеси на прво место, особено кога сте со некој на кого не му е гајле за вас.

Моето поранешно момче си играше ментални игри со мојот ум, па морав да добијам дозвола за секоја мала ситница која ја сакав или правев. Но, кога раскинавме сфатив дека мојата врска воопшто не била здрава или нормална. Оној кој те сака нема да дозволи да ги ставаш неговите потреби пред твоите сопствени“.

Знај дека животот може да биде прилично прекрасен

„На 24 години запознав момче кое знаев дека не ми одговара и не се гледам себеси со него во далечната иднина. Но, продолживме да се забавуваме. Имавме несогласувања, но неговиот вкус за уметност, музика и естетика ме фасцинираше, како и начинот на кој „држеше до себе“ и како правеше да се чувствуваат луѓето околу него.

Неговото присуство ги направи мојот свет и живот прекрасни, и иако знаев дека не е ‘вистинскиот’, сфатив што значи да се биде со момче кој има добар вкус и однесување. Иако не се земавме, тоа беше едно прекрасно искуство“.

Уживај во сегашниот миг и престани да се грижиш за иднината

„Имав долга врска на далечина и сфатив дека повеќе време поминувам сама отколку со момчето. Воедно, премногу се грижев за тоа што носи иднината и како ќе се одвиваат работите понатаму.

Постојано размислував ќе успее ли врската, ќе прерасне ли во нешто сериозно... потекнувавме од различни средини и главата ми беше полна прашања. Кога конечно се опуштив и се препуштив на врската, сфатив дека уживам во времето кое го поминуваме заедно“.

Изгледот привлекува, но не задржува

Колку пати е кажано ова? Звучи како нереален мит, но сепак тоа е вистината.

„Многу ме привлекуваше еден од моите пријатели, но тој имаше девојка. Подоцна раскинаа и имавме шанса да видиме дали си одговараме. Тогаш сфатив дека привлечноста која се заснова исклучиво на надворешниот изглед е бесполезна. Бевме премногу различни без заеднички интереси и врската не ни успеа“.

Првите неколку состаноци откриваат многу работи

„Во младоста сакаш да ризикуваш повеќе и да им даваш повеќе шанси на момчињата. Но, како што одминуваат годините сфаќаш дека понекогаш доволен е и еден состанок за да сфатиш дека едноставно нема поента на излегувањето со некого. Не планирам да потрошам години со некого кој апсолутно не ми одговара и знам дека не е вистинскиот“.

Не можеш да смениш некого колку и да се обидуваш

„Бев во врска со момче кое навидум изгледаше совршено и беше сé што би посакала некоја девојка. Но, беше отсутен секогаш кога ми беше потребен. Ми даваше пари за да си купам што сакам или скапи подароци, кога мене ми беше потребно неговото внимание.

Бев вљубена во него и сакав тој да се смени, но по одредено време сфатив дека не можеш да го смениш некого колку и да (го) сакаш или да се обидуваш“.

Вие сте единствената личност која ви е потребна за среќа

„Постојано се обидував да пронајдам среќа покрај други луѓе и секогаш завршував разочарана на крајот. На крајот сфатив дека прво треба да се усреќиш самиот себе, да си среќен и задоволен самиот со себе, па да го очекуваш истиот третман од некоја друга личност“.

Животот не престанува заради некое момче

„Ниту планетата престанува да се врти, ниту животот прекинува заради одредено момче. Бев скршена после долгата неуспешна врска со моето момче. Во меѓувреме, запознав прилично добро и фино момче на патот накај работа.

Иако знаев дека нема да бидеме засекогаш заедно, во моментот сфатив дека животот продолжува понатаму. Фактот што некој се интересира за мене и смета дека сум привлечна и секси ме натера да ја кренам главата и да продолжам понатаму“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg