Мажи откриваат: Зошто не ѝ се јавив по првиот состанок?
Жените се често изненадени и не им е јасно што се случува, но мажите и тоа како си имаат свои причини.
Кога се првите состаноци во прашање, едно од најчестите сценарија е да нема реприза, затоа што мажот не се јавил повторно за второ видување.
Не ги откриваат пречесто, но запрашани за причините што стојат зад ваквата одлука, мажите ги признаа следните:
Затоа што изгледаше потполно поинаку во живо
Филтрите, добриот агол за сликање и останатите трикови со кои жените се служат на социјалните мрежи, често доведуваат до разочарување кога ќе дојде до конечното запознавање во живо. Всушност, тоа е и една од причините поради кои мажите не се јавуваат повеќе.
Затоа што глумеше
Сите имаме порив малку да ја разубавиме реалноста и се претставиме себеси онакви какви баш и не сме, но ако претераме, истото може да има контраефект. Како причина поради која не ѝ се јавиле за втор состанок, мажите често го наведуваат фактот што жената едноставно премногу глумела, наместо да го покаже својот вистински карактер.
Затоа што не се одвојуваше од телефонот
Жената што на првиот состанок е повеќе посветена на мобилниот телефон, отколку на личноста со која се наоѓа – не заслужува втор состанок. Околу ова се сложни мнозинството мажи.
Затоа што беше досадна
Нервозата секогаш си го прави своето, но ако жената делува здодевно и навистина е тешко да се води разговор со неа, повеќето мажи ќе ја отфрлат идејата за повторување на таквиот состанок.
М. А. | Црнобело