Девојка си го носела вереничкиот прстен цела година, без да знае
Кога еден Австралијанец, Тери, се одлучил да ѝ предложи брак на својата девојка со која биле повеќе од 2 години, Ана, не му требало долго време за да го најде прстенот – бидејќи таа постојано го носела со неа, без да знае.
Веројатно ова е едно од најкреативните запросувања на сите времиња.
За првата годишнина, Тери ѝ направил и подарил ланче направено од бор. Ана го носела секој ден, несвесна какво изненадување се крие во него.
Кога Тери клекнал, го земал нејзиното ланче и го отворил со нож, Ана останала зачудена.
Секако по неколку романтични секунди, реакцијата гласела: „Тука беше цело време? Можев да го изгубам!“
Запросувањето се случило во пештера во Шкотска.
Целата приказна собрана во видео од 2 минути:
М. Д. | Црнобело