Зошто вашето момче никогаш не признава дека не е во право?
Колку пати сте се ги анализирале пораките да видите дали вие сте всушност некаде грешка и дали навистина не му кажавте во колку часот да се сретнете или дали навистина сте пропуштиле некоја запирка во пораката па ве разбрал погрешно?
Се трудите да пронајдете грешка во себе во секоја ситуација, а се е црно на бело. Понекогаш неговите аргументи се толку убедливи што почнувате да се сомневате во сопствената меморија.
Сепак, според ново истражување на научниците од Калтек се покажува дека тестостеронот е виновен за тоа што мажите никогаш не ги признаваат своите грешки. Тие откриле дека колку е повисок тестостеронот кај мажите, толку е поверојатно тие да не признаваат вина.
Научниците дошле до овој заклучок откако направиле експеримент во кој биле вклучени 243 мажи на кои им била дадена доза тестостерон гел или плацебо гел пред да им биде направен тестот.
Едно од прашањата било обичен математички проблем: „Палка и топка заедно чинат 1.10 долари заедно. Палката чини 1 долар повеќе од топката. Колку чини топката?“.
За повеќето луѓе првата реакција би била дека топката чини 10 центи. Но, откако ќе размислите добро за одговорот ќе видите дека овој одговор е погрешен. Точниот одговор е дека топката треба да чини 0.05 долари, така што палката би чинела 1.05 долари.
Од експериментот тие согледале дека групата на која ѝ било дадено тестостерон побрзо и инстинктивно носела одлуки и брзи одговори во случаи каде првобитната претпоставка е обично погрешна.
Тестостеронот го зголемува интуитивното чувство дека сте во право.
Така што дами, не трудете се да го промените вашиот партнер, затоа што мажите најверојатно се генетски предиспозиционирани никогаш да не признаат дека не се во право.
А. В. | Црнобело