Зошто најдобрите жени најдолго остануваат сингл?
Светот и општеството во кое живееме ни нудат слика дека е најдобро да се биде во врска со некого. Иако неоспорно е чувството дека е убаво да се биде дел од добар пар, сепак реалноста е дека понекогаш е многу подобро да се биде сингл.
Затоа, не брзајте никаде особено ако сте во 20-тите години од вашиот живот. Ја имате слободата да правите што сакате и да играте според сопствените правила.
Еве зошто најдобрите жени остануваат сингл подолг временски период:
Сметаат дека заслужуваат одличен партнер
Едноставно е, не се задоволуваат со трошки и туѓи остатоци. Не сакаат да бидат нечиј втор избор и не гледаат на врската или бракот како на спогодба по секоја цена.
Го прават она што го сакаат, кога сакаат
Легнување доцна, станување доцна. Трошење сопствени пари на безобразно скап пар чевли. Луда забава до утринските часови или целовечерно гледање серии во пижами – правилата ги поставуваат самите. И уживаат додека го прават тоа, бидејќи знаат дека ваквиот тип слобода и луксуз не траат вечно.
Преземаат ризици
Сакаат да искусуваат нови работи, да пробаат неоткриени вкусови. Понекогаш преферираат да живеат на работ, отколку да живуркаат во еден сосема обичен и невозбудлив живот.
Не им е приоритет да бидат нечија девојка или сопруга
Има девојки кои живеат со мислата за мажачка 24/7 и тоа е сосема во ред. Но, на одредена група приоритетите им се насочени кон градење кариера, дом, купување автомобил или можеби неколку патувања од соништата кои би сакале да ги чкртнат од листата. И тоа е сосема во ред.
Ја сакаат возбудата на првиот бакнеж
Подготвувањето за состанок со момчето кое им се допаѓа и треперењето кое доаѓа со првиот бакнеж. Има ли нешто повозбудливо од тоа?
Не се подготвени за сериозни обврски
Кога може да се наречете зрели? Кога точно знаете за што сте, а за што не сте подготвени. Некои девојки и жени едноставно знаат дека не се подготвени за сериозна врска или брак. Обврските кои ги носат ваквите заедници сакаат да ги одбегнат за подоцна.
Уживаат да бидат дел од групата сингл луѓе на свадби
За некои е крај на светот ако се појават на свадба сами. За добрите девојки тоа не претставува никаков сериозен проблем. Другарките се секогаш тука за друштво, како и нови момци за запознавање. Нема ништо трагично во тоа да се отиде на свадба без дечко/маж.
Си ја ценат слободата
Да се биде сингл значи да се прават планови во „5 до 12“ без да мора да се правдате некому. А тоа чувство е бесценето. Да оставите сè, да се спакувате и да заминете на мини-викенд со другарките, па дури и сами.
Зафатени се со својата кариера
Звучи по малку клише и веројатно контра-аргументот е – парите нема да те гушнат навечер, но вистината е дека прилично ќе ти го олеснат животот. Зошто да не ги направиш додека немаш посериозни обврски и да се искачиш по скалилата додека никој не очекува ништо друго од тебе?
Не се загрижени за својот биолошки часовник
Всушност, кога некој ги потсетува на тоа, тие почнуваат да се смеат. Бидејќи се свесни дека времињата се сменети и сè ќе дојде на свое место кога тие ќе одлучат кога е време за тоа, наместо да се раководат според притисоците кои ги наметнува општеството, домашните или гинекологот.
Веќе се во врска – со самите себе
Можеби звучи смешно, но за да бидете во добра квалитетна врска со некого треба прво да знаете како е да се биде сам со себе. Да уживате во своето друштво и да не го земате здраво за готово. Бидејќи трае кратко. Од друга страна, го имате целиот живот пред себе за брак, сопруг, деца и обврски.
(О)Милена | Црнобело