15 знаци дека се плашите да бидете во врска

 Ако се плашите од обврската што доаѓа со тоа да бидеш во врска, немојте да се грижите затоа што не сте единствени. Независно дали некој ви го скршил срцето или едноставно несакате односот кој го имате со некоја личност да биде со етикета, секој од нас на различен начин се справува со овој страв од поимот обврска.

15-znaci-deka-se-plasite-da-bidete-vo-vrska-1

Еве 15 работи кои само оние кои имаат страв од обврска ги разбираат:

1. Не верувате во етикети како “моето момче” или “мојата девојка” и мразите кога некој ве претставува на тој начин.

2. Се плашите кога со некоја личност се зближувате многу брзо.

3. Зборувањето за заедничка иднина ве плаши.

4. Сакате да живеете во сегашноста и да правите спонтани планови кои не ви зависат од никој.

5. Имате потреба често да ги менувате луѓето во вашиот живот, вклучувајќи ги и краткотрајните партнери.

6. Се плашите да ја запознаете новата личност со вашите пријатели и семејство затоа што незнаете дали ќе успеете да издржите во врската.

7. Сакате да бидете независни и несакате друга личност да ве дефинира.

8. Не сакате промени, среќни сте со тоа како изгледа вашиот живот во моментот.

9. Го сакате предизвикот да бркате некој, но кога ќе се заинтересира личноста за вас веднаш станува здодевна.

10. Секогаш го сакате само тоа што неможете да го имате.

11. Обожавате патување, и речиси никогаш неможете да бидете на исто место подолго време.

12. Скептични сте за идејата дека постои еден вистински човек со кој ќе треба да го поинете животот.

13. Не им верувате на луѓето.

14. Имате изградено одбранбен ѕид околу вас и дозволувате на многу малку личности да влезат во вашиот круг.

15. Ве привлекуваат личности кои се несериозни затоа што и вие самите се сметате за такви.

A. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg