5 знаци дека девојката која ви се допаѓа не е заинтересирана за вас

Нема поинтересно чувство од флертување со нова девојка. Предизвик ви е да ја освоите и ќе направите сè за да ја привлечете девојката која ви се допаѓа. 

5-znaci-deka-devojkata-koja-vi-se-dopaga-ne-e-zainteresirana-001.jpg

Во повеќето случаи е очигледно дали девојката која ви се допаѓа го мисли истото за вас. Но, кога не можете бидете сигурни, еве неколку знаци кои ќе ви покажат дека баш и не е толку заинтересирана:

Кога ѝ пишувате ви враќа само по еден збор

На пример, кога ќе ја прашате: „Како си?“, таа ви одговара само „добро“ и не го продолжува понатаму разговорот. Жените обожаваат да зборуваат, а кога некој им се допаѓа се трудат да ја задржат конверзацијата да биде активна цело време.

Чекате предолго да ви врати

Да не се залажуваме, речиси на сите телефонот ни е цело време во рака, па така ако често ја чекаш предолго за да ти врати, а потоа „изчезнува“ од разговорот на подолг период, тоа најверојатно значи дека не е доволно заинтересирана.

Секогаш е неодлучна

Никогаш не може да ви одговори кога ќе се видите или дали ќе биде слободна викендот да излезете. Жените знаат 15 минути откако ќе ве запознаат дали ќе ви дадат шанса или не, па така ако и се допаѓате, таа едвај ќе чека да ја прашате да направите заеднички планови.

Кога треба да се видите, секогаш „излегува нешто“

Ако често на денот кога треба да се сретнете, случајно ѝ се променуваат плановите во последен момент, тогаш таа не сака да го поминете времето заедно. На секого може да му се случи промена на план, но не многу често. Кога сакаме нешто, бараме начин да го направиме, кога не сакаме - бараме изговори.

Ви ги кажува најочигледните лаги

На пример, ви кажува дека нема да излезе вечерта и дека не е расположена за ништо, но нејзиниот Инстаграм кажува нешто многу поразлично. Ако ве лаже без никаква причина, само колку да одговори од култура на вашето прашањe, дефинитивно не е заинтересирана за вас.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg