Kога врската на далечина ти ја буди креативноста...
Бека Сигел и Ден Голд споделуваат пасија за патување и фотографија, а токму тоа ги тера многу често и подолг период да бидат оддалечени еден од друг.
На нивниот заеднички Инстаграм профил, „Half Half Travel“, Сигел и Голд комбинираат фотографии од местата каде се наоѓаат моментално и на еден магичен начин, секако со помош на Фотошоп, изгледаат како да се еден покрај друг без разлика на тоа колку километри се оддалечени.
Покрај тоа што ги прикажуваат своите индивидуални авантури, тие исто така успеваат и да ги спојат своите искуства иако се илјадници километри оддалечени.
Ден и Бека се заедно од декември 2015-та. Најдолг период како биле одвоени еден од друг е четири месеци, а на крајот оваа година нивните патишта повторно ќе се сретнат во Буенос Аирес, Аргентина.
Фотките кои покажуваат дека врската на далечина и не е така лоша:
Н. Г. | Црнобело