4 работи кои сите ги премолчуваат за сексот по 30-тата
Иако многумина мислат дека сексот во триесеттите ќе би биде далеку подобар и повозбудлив, затоа што веќе имате искуство, сепак, поради стареењето, нештата почнуваат да се менуваат.
Некои можеби се во заблуда дека сексот останува ист се до длабоката старот, но нашето тело е сложен механизам – како што е и нашата глава.
Од тинејџерските денови, па сè до средината на 20-тите, со телото владее моќна количина на хормони, па мнозинството млади луѓе се секогаш подготвени и расположени за секс. Најчестите проблеми во младото доба се предвремената ејакулација кај мажите, додека кај жените тоа се тешкотиите поврзани со постигнување оргазам.
Со влегување во 30-тите, нештата се менуваат, а таквите промени не мора да значи дека се на полошо, ни подобро – едноставно треба се прилагодите на нив.
Дознајте што точно се случува:
1. Потребно е повеќе време за возбудување, но и за оргазам
Бидејќи нивото на хормони во телото се намалува, за очекување е дека „палењето“ веќе нема да трае неколку секунди. Иако сексуалните дразби пристигнуваат до мозокот, потребни се барем пет до десет минути за телото да се доведе до состојба на вистинска возбуденост. Поради тоа, секако, подобро е предиграта подолго да трае, а добрата вест за сите оние кои се жалат дека сексот со партнерот им трае прекратко, е дека во просек, самиот чин се продолжува од две до пет минути.
2. Оргазмот е почест
Ова првенствено се однесува на жените, кои се често позадоволни од сексуалниот живот во 30-тите, отколку во 20-тите. Причината за побројните и почестите оргазми е подоброто познавање на сопственото тело, како и поголемата самодоверба, што овозможува и подобра комуникација со партнерот и негово „наговарање“ во креветот. Од тој аспект, неодамнешното истражување на магазинот „Top Sante“ покажало дека 80 проценти од жените се поактивни и поиницијативни во сексот во четириесеттите, отколку во 20-тите.
3. Хормоните влијаат на гениталиите
Хормоните, начинот на живот, контрацепцијата и разните пореметувања поврзани со заболувања на тироидната жлезда, како и премореноста, депресијата и стресот – сите фактори имаат влијание на гениталиите и самиот сексуален живот. Имено, жените во 30-тите, може да го отежнат процесот на природно навлажнување, поради што не треба да се грижат, туку евентуално да ги истражат причинителите, а да си олеснат со подолга предигра и лубриканти. И кај мажите може да се случи слична ситуација, односно да имаат послаба и помалку честа ерекција, што може да биде последица на уринарните инфекции, стресот и хормоните.
4. Сексуалните односи се поретки, но повеќе значат
Факт е дека луѓето имаат помалку секс во доцните 30-ти, но тоа не мора да значи ништо лошо, бидејќи е последица на обврските, родителството и хормоналните промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека над 70 проценти од мажите и жените сметаат дека сексуалниот живот им станал поквалитетен. Внесуваат повеќе емоции во самиот однос, па сексот не го „одработуваат“, туку вистински уживаат во него.
М. А. | Црнобело