3 златни правила со кои ќе ги спречите расправиите во врската
Со текот на времето поминато во пар, сфаќаме дека кавгите се неизбежни. Колку што сме поблиски, толку почесто ги има.
Па, неретко се прашуваме дали постои начин на кој можеме да ги спречиме.
Некои би рекол дека не е здраво да не се расправаш, но зошто да водите битки кои само ви ја црпат енергијата, а немаат никаков позитивен ефект?
Сега зборуваме за оние неважните кавги кои утре нема да вредат, односно како да ги спречите на време:
Зборувајте за вашите желби, не за она што не го сакате
Секое ваше „не“ и „не сакам“ ќе биде сфатено во негативна смисла, што е нормално. Затоа, не го користете. Наместо тоа, искажете ги своите желби, без негација.
Не користете: „Не сакам да ме контролираш толку многу.“
Користете: „Сакам повеќе да ми веруваш.“
Обидете се да го користите „и“ наместо „но“
Кога го користите зборчето но, другата страна има чувство како да го негирате неговото мислење или неговата желба. Обидете се почесто да го користите сврзникот и на местото каде сакате да ставите но. На тој начин вашите и желбите на другата страна ги сведувате на исто рамниште.
Не користете: „Те разбирам, но сакам и ти да ме разбереш.“
Користете: „Сосема те разбирам и сакам и ти да ме разбереш.“
Не ги расипувајте убавите моменти со наоѓање маани
Ако забележите дека и најубавите моменти не ви создаваат задоволство, веројатно барате маана и недостаток во апсолутно сè. Па логично, другата страна ќе се налути. Обидете се барем еден ден критиките да ги замените со комплименти.
Не користете: „Вечерата беше вкусна, но не колку онаа вчера.“
Користете: „Благодарам за вечерата, вкусна беше.“
М. Д. | Црнобело