Дали бројот на сексуални партнери го определува нивото на среќа?

Во денешно време, сè почесто работите се сведуваат на еден заклучок - колку повеќе сексуални партнери имате, толку ви е животот позабавен. За ваквиот заклучок пред сѐ можеме да им се заблагодариме на девојките од култната телевизиска серија „Sex and the City“ кои во текот на сите 6 сезони, сменија вкупно 95 партнери, а сепак живееа живот за кој ние сонуваме.

dali-borjot-na-seksualni-partneri-go-opredeluva-nivoto-na-sreka-2.jpg

Според едно истражување направено од „The National Bureau of Economic Research“, бројката на сексуални партнери која ќе ве направи посреќни во животот е малку помала од онаа која си ја замислувате, но дефинитивно е далеку од препорачаната бројка во телевизиските серии.

Врз основа на резултатите од истражувањето направено на 16.000 возрасни испитаници, за најсреќни се сметаат оние кои имаат само еден сексуален партнер годишно. Оваа статистика важи и за хомосексуалните и за хетеросексуалните двојки.

Заклучокот наведува на фактот дека луѓето се посреќни кога се приврзани и посветени на врска со еден партнер. Без разлика дали ова расположение е предизвикано од хормонална или емоционална природа, очигледно е дека моногамијата е клучот на среќата.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg