5 стереотипи за луѓето во брак кои се најчесто точни
Универзумот има прилично добра смисла за хумор кога од глава ви го треснува она од кое најмногу се плашите и кое најмалку го посакувате. Па така, сите оние кои си замислувале дека бракот и семејниот живот со деца ќе биде идиличен, безгрижен, исполнет со страст и неверојатна нежност, нека размислат двапати.
Ако вашиот страв е дека после декада или две во брак вие ќе станете дел од една досадна брачна двојка, многу веројатно е дека стравот ви е оправдан. Затоа што тоа најчесто и се случува тоа, бидејќи едноставно се случува животот кој не можете да го сопрете.
Постојат неколку стереотипи за браковите кои се најчесто точни. Нема ништо срамно или тажно во сето тоа, бидејќи од друга страна ја имате среќата и комфорот на фамилијарниот живот.
Да се биде дел од еден „стереотипен“ брак изгледа отприлика вака:
Луѓето во брак немаат секс толку често
Секако дека немаат онолку колку што имале кога биле помлади или во врска. Бидејќи, да не се лажеме, малку е тешко да имаш секс и да чувствуваш желба за страст и романтика во 2 по полноќ кога детето ти повраќа или гори од температура.
Но, кога конечно ќе се подредат коцките и сексот се случува, тогаш е одличен и прилично жежок. Квалитет наспрема квантитет би била равенката.
За време на викендите ќе ги видите во зоолошка, супермаркет, на пазар или салон за мебел
Кога си помлад не ти ни паѓа на памет да потрошиш 2-3 часа во салон за мебел или санитарии бирајќи плочки кои совршено ќе одговараат во реновираниот тоалет. Но, прироритети се менуваат во брак, а особено кога имате деца.
Напорно работите за вашиот дом да изгледа одлично и фрижидерот да биде секогаш полн. Викендите се најдобар начин да се завршат сите обврски, а групните прошетки на горенаведените локации се местата каде што најчесто може да ги видите брачните парови.
Луѓето во брак поретко разговараат
Но, не во негативна смисла. После одреден временски период партнерите толку добро се познаваат што си ги довршуваат речениците и на некој начин си ги читаат мислите. Тие воедно претчувствуваат кога е добро време да се замолчи и да се ужива во мирот и тишината.
Доволен е само еден поглед или невербален гест за да си дадат до знаење дека забавата е досадна и би сакале за 20-тина минути да си одат дома.
Ретко излегуваат во сабота навечер
Детски родендени, вонучилишни активности, работа, 20 машини со облека, ручеци, чистење на домот и дворот... на брачните двојки сигурно во сабота навечер не им е дојдено до излегување и луда забава.
Пуканки, вино и неколку добри филмчиња или серија одлично ќе ја завршат работата кога станува збор за викенд релаксација.
Брачните партнери најчесто разговараат за своите деца
Да, тоа е точно и нема ништо лошо ниту погрешно во тоа. Бидејќи тоа е главната оска околу која се вртат сите настани, децата кои сте ги донеле на овој свет и од нив се ободувате да направите добри, вредни и чесни луѓе.
А тоа зема прилично добар дел од времето и разговорите. Секако дека брачните партнери разговараат и за есенцијално други важни работи во животот. Но, тие разговори следуваат после оние кои ги опфаќаат децата.
Да се биде дел од една „досадна“ брачна двојка и покрај оправданите стереотипи е прилично возбудливо искуство кое треба да се цени.
Бидејќи кога ќе размислите на најсреќните моменти, веројатно тоа се семејните ручеци, излети, летните одмори, детските приредби, нивните успеси или оние најобични моменти кога дремете со партнерот на каучот пред телевизорот во пижами.
И нема апсолутно ништо здодевно во тоа да се биде среќен и задоволен.
(О)Милена | Црнобело