4 силни страни на жените кои ги привлекуваат мажите

Искусните мажи знаат дека постојат многу поважни работи од изгледот.

4-silni-strani-na-zenite-sored-maskoto-mislenje-01

Довербата, искреноста и отвореноста се работи кои дефинитивно ќе ги привлечат луѓето околу вас.

Ова се 4 квалитети на жените заради кои мажите би им ги простиле сите гревови:

1. Независност

Многу луѓе погрешно веруваат дека мажите се во потрага по слаба жена, во чија близина ќе се чувствуваат попаметни и посилни. Но, вистинскиот маж никогаш не би се истакнувал на сметка на својата партнерка, туку жената му е потребна за да го инспирира и стимулира неговиот развој. Силните мажи сакаат девојката покрај нив да има поставено свои цели и да тежнее кон нивно остварување.

2. Емоционална зрелост

Мажите ги третираат со иронија и потсмев емоциите на жените, промените во нивното расположение и емоционалните испади. Но, кога жената станува хистерична тоа е црвен сигнал за секој маж. Мажите сакаат во својата партнерка да имаат сојузник со кого ќе можат да ги споделат проблемите, а не импулсивна девојка која создаваа хистерија за ништо.

3. Разиграност

Некои мажи ги привлекуваат мистериозни и таинствени жени. Но, повеќето мажи сакаат да бидат во друштво на девојки кои се позитивни и зрачат со оптимизам. Активните девојки го исполнуваат животот на нивните партнери со забава, игри, патувања што ги тера мажите повторно и повторно да се заљубуваат во нив.

4. Изразување интерес

Мажите не се плашат од сериозна врска, туку од однос во кој нема да чувствуваат реципроцитет. Тие посакуваат да видат манифестирање на внимание од страна на жените но, сепак сакаат да мислат дека иницијативата доаѓа од нив. Најважно за секоја жена е да биде своја и да се однесува природно и опуштено.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg