Две зборчиња кои ви ја уништуваат врската: Секогаш и никогаш

 Кога сме вознемирани многу често користиме зборчиња кои и не се баш апсолутна вистина. Кога сакате да изразите зошто сте вознемирани или кога се објаснувате во текот на конфликт со вашиот партнер, избегнувајте да ги користите зборовите: секогаш и никогаш.

dve-zborcinja-koi-vi-ja-unistuvaat-vrskata-sekogas-i-nikogas-1

Всушност овие две зборчиња го продлабочуваат конфликтот и ги повредуваат чувствата на парнерот. Ти никогаш не ми купуваш цвеќиња, ти секогаш забораваш да ми се јавиш на време, никогаш не си расположен, секогаш треба јас да те потсетам да ги измиеш чиниите.

Ако сте на спротивната страна и ги примате овие обвинувања секој ден, воопшто не е забавно. Овие зборчиња многу повеќе демотивираат или ве тераат да се спротиставите на партнерот отколку што може да ве натераат да го промените вашето однесување.

Проблемот лежи во тоа што најчесто кога ги изговараме овие зборови тоа го правиме несвесно. Меѓутоа, следен пат кога ќе забележите дека повторно ги употребувате овие лути зборови потрудете се еднаш или два пати дневно да кажете нешто позитивно на вашиот партнер.

Кога сакате да промените нешто кај партнерот, магичниот сооднос е 5:1. Кажете 5 пати повеќе комплименти кога треба да кажете нешто со што ќе го критикувате партнерот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg