Грешки кои ги прават партнерите кога ќе стапат во брак
Многумина од нас пред да „рипнат во тавче“ немаат претстава што да очекуваат од бракот. Најчесто општата слика за брачниот живот е презентирана како затворена и сурова заедница во која на поединците им се кратат крилјата.
Ова дефинитивно е погрешно, особено доколку крај себе имате партнер кој знае што е компромис и поддршка.
Нормално е помеѓу брачните партнери да постојат проблеми и несогласувања, таков е животот. Најважно од сѐ е да се најде решение за тие проблеми.
Во продолжение прочитајте кои 5 грешки ги прават партнерите откако ќе стапат во брак:
Осудување
Кога постојано осудуваме некого, ние всушност ги затвораме сите отворени можности за решавање на проблемот. Затоа бидете малку поотворени и прифатете го својот партнер онаков каков што навистина е, со сите свои предности и недостатоци.
Постојано сте во одбрана
Престанете да се однесувате како жртва и да си го оправдувате сопственото однесување. Некогаш е потребно да ја прифатите критиката на вашиот партнер. Тоа навистина ќе ви помогне да изградите стабилна врска на цврсти темели.
Постојано ја „префрлате топката“
Ова е можеби најголемиот проблем од сите. Навистина е лошо и непрактично постојано да го обвинувате својот партнер, и тоа сѐ со цел вие да изгледате подобро. Ваквите ситуации најчесто се случуваат поради фактот што одредени луѓе немаат самодоверба.
Го одбивате партнерот
Нема причина да го оттргнувате партнерот од себе, за вие самите да ја почувствувате сопствената слобода. Научете се како меѓусебно да комуницирате.
Постојано гледате негативно
Доколку постојано се концентрирате на проблемите, и на сѐ што не ви се допаѓа, на овој начин можете само да предизвикате поголем конфликт. Наместо тоа, фокусирајте се на позитивните страни од вашата врска. Ваквиот пристап може да ја промени целосно енергијата во вашата врска и тоа во позитивна смисла на зборот.
С. У. | Црнобело