3 знаци дека не сте подготвени за нова врска
Конечно се чувствувате дека сте подготвени за врска и единствено што ви паѓа на памет да кажете е: „Готово, од вечер влегувам во акција!“. После ваков коментар не е ни чудно ако пола од другарките ви превртеле со очите.
Ова не само што звучи иритирачки амбициозно, туку е и крајно нереално.
Да ве потсетиме, сè додека имате живот, работа, фамилија и пријатели, вие сте веќе влезени во акција. Единствено што треба да направите е да погледнете околу себе и да си дадете шанса да запознаете некој.
Доколку се пронаоѓате во следниве неколку ситуации, вие дефинитивно не сте подготвени за нова врска.
Врската не ви претставува приоритет
Да влезете во акција значи да им дадете приоритет на љубовните состаноци. Креирањето на профил на некој сајт за љубовно состанување не значи дека вие навистина се обидувате да најдете „квалитетен материјал“ за врска. Бидете отворени за нови предизвици и не се ограничувајте предвреме.
Не дозволувате да бидете ранливи
Во љубовна врска, да се биде ранлив, значи да се биде храбар. Изберете да бидете најдобрата верзија од себе. Впуштањето во врска автоматски значи дека сте изложени и ранливи, но ова истовремено ве прави емоционално посилни и ви помага да научите да живеете во сегашноста.
Не сте го заборавиле минатото
Направете си самоанализа и искрено одговорете си - Дали сте подготвени да запознаете некој? Немојте новата врска да ја градите врз столбовите од минатото. Најпрво најдете начин како да се ослободите од поранешната љубов, а дури потоа пуштете се во лов на нова симпатија.
С. У. | Црнобело