Таа саботна ноќ кога нашите тела ги впиваа страста и водата како сунѓер...
Беше типична саботна вечер, го приклучив тушот, за да го расонам моето тело на кое му беше преку глава од секојдневната здодевна рутина. Како што водата паѓаше по моето лице и ме тераше да ги затворам очите, размислував за тоа како во ноќта знаат да се случат сите гревови, некои помали, некои поголеми, некои од страст, некои од љубомора, некои од љубов, некои од болка.
Додека водата немилосрдно ги натопуваше сите делови на она што го нарекував тело, забележав како се поместува завесата. Те видов тебе.
Бесрамна, како новороденче, без облека, со твоето совршено тело, со собрана коса и црвен кармин, носејќи го само златното ланче кое ти го подарив за роденден. Имаше кревок поглед и едно прашање кое ме натера да си го заборавам името: „Дали може да се придружам“?
За првпат од кога знаев за твоите очи, бевме тело до тело, кожа на кожа, во една страст која ги блокираше сите мисли, како тоа да беше потопот на светот, а ти ме спасуваш давајќи го својот последен здив.
Твојата коса низ моите раце, моите раце на твојата кожа и водата која ме потсетуваше дека не сонувам, дека тоа е јаве. Многупати претходно замислував, посакував да се најдеш тука и да го поставиш истото прашање, да дозволиш да те милувам под водопадите на љубовта.
Гриз или два на мојот врат, силен стисок на твоите нозе околу мојата половина, моите раце, држејќи ги твоите на ладните плочки. Чувствував пареа, но не од топлата вода, таа е онаа невидливата, знаеш онаа која се раѓа од најсилните емоции, оние кои се искрени, кога ќе ги почувствуваш знаеш дека вистински живееш.
Гребаници на мојот грб, како казна за мојата грубост и нежност кои варираат од минута во минута поттикнати од твоите бесрамни шепоти на моето уво. Како до мене да се роди некоја нова, некоја што не ја познавав. Како таа вечер ти да стана жената која знае што сака.
Воздишки проследени со ситна грубост, како да губеше контрола штом ја достигнеше највисоката точка на љубовта. Губеше контрола на своите зборови и своите дела, се раѓаше љубовен борец во рингот на љубовта кој не знае за доста. Жена чие тело уживаше во тоа дождовно танго на емоции. Жена која ги знае сите чекори, а била уплашена да игра, плашејќи се дека ќе ја осудат.
Во таа саботна ноќ додека нашите тела ја впиваа водата и страста како сунѓер, јас те запознав одново, мерејќи го секој дел од твоето совршено тело. Таа ноќ од вратот преку рамото до твоите стапала сакав да бакнувам сè она што е твоја сопственост. Не сакав да запре, никогаш, сакав да трае како што трае текот на водата во природата.
Сакав да се исклучам од светот и да уживам во тој магичен момент, во тој ерос на нашите бесрамни тела, додека сите спиеjа во спокој, одново и одново, сè додека не се раздени.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело