5 знаци дека сте претерано посесивни
Посесивноста е една од особините кои претставуваат вистинска закана за секоја врска.
Сите оние кои барем еднаш во животот биле дел од ваква врска, ќе ви кажат дека тоа е искуство низ кое не би сакале да поминете.
Следните 5 знаци се најголеми показатели за тоа дали вие или вашиот партнер/ка сте станале посесивни.
1. Го занемаривте семејството и пријателите
Причина за тоа не е пренатрупаниот дневен распоред, туку вашата желба постојано да бидете со него/неа. Дури и ако организирате кафе или вечера, го носите и партнерот.
2. Постојано го/ја барате кога не е покрај вас
Порака за добро утро, па повик да чуете како спиел/а. Уште неколку пораки до пладне, па повик на пaузата за ручек. Уште неколку пораки пред вечерната средба и секако слатка порака за добра ноќ.
3. Му/ѝ го проверувате мобилниот
Мејл, Фејсбук, Инстаграм... Приватноста и чувството на слобода се особено важни, а со ова го/ја гушите и него/неа и самата врска, а се заморувате и себеси. Опуштете се, некои работи и онака не можете да ги спречите, колку и да се трудите.
4. Сите од спротивниот пол ви претставуваат потенцијална закана
Доколку сакате да го/ја избркате од себе, ова е правиот начин.
5. Полудувате кога излегува со другарите/другарките
Или што е полошо, сакате да одите со него/неа, бидејќи „којзнае што може да се случи ако не сте во близина“.
М. С. | Црнобело