Зошто луѓето изневеруваат, дури и тогаш кога се во среќна врска?

Хелен Фишер е експерт за љубовни врски. Таа објаснува зошто одлучуваме да ги изневеруваме луѓето кои ги сакаме.

zoshto-lugjeto-izneveruvaat-duri-i-togash-koga-se-vo-srekjna-vrska-01.jpg

Според неа, постојат разни социолошки, психолошки и генетички причини зошто одлучуваме да изневеруваме, посебно кога сме во врска со личност која ја сакаме.

Еве неколку заклучоци кои ги донела таа.

1. Луѓето во поголемите градови, каде не се опколени со своето поголемо семејство, тежнеат да изневеруваат повеќе. На пример, некој кој е доселен од помал во поголем град, не е е опкружен со своето семејство и најчесто нема кој да ја поддржува врската или бракот.

2. Од генетичка гледна точка, постои ген во ендокриниот систем кој е поврзан со хормонот вазопресин заради кои постои поголема шанса некој да изврши прељуба. Во истражување направено на 552 мажи испитаници од Шведска, откриено е дека оние кои имале една до две копии од генот имале и помалку стабилни врски, а тоа може да доведе до прељуба (не била истражувана прељубата, ама нестабилниот брак може да доведе до прељуба).

3. Постојат 3 различни типа на мозок, оној за врзување, за препознавање на емоциите поврзани со љубовта и за препознавање на сексуалниот нагон. Па, заради тоа, може да се поврзете со една личност додека се вљубувате или да сте вљубени во друга личност. Мозокот така изгледа како да е „изграден“ за прељуба.

4. Според неа, најинтересен факт е дека 56% од мажите и 34% од жените изјавиле дека се во многу среќен брак, ама и дека изневерувале. Зошто? Од еволуциона гледна точка во прашање е моќта за пренесување на своите гени. На почетокот на човештвото било сосема нормално, маж и жена да имаат свое потомство, но дека мажот заминувал на лов, да креира уште едно потомство со жена од друга заедница. Љубовта тука нема никаква врска, во прашање е преносот на сопствените гени.

И уште неколку видеа на оваа тема:

Зошто мажите изневеруваат?

Зошто жените изневеруваат?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg