Не се прашувај зошто заминал, туку зошто сакал да остане
Прекинувањето на контакт со некоја личност, со себе носи многу прашања. Особено оние прекинувања кои не сме ги панирале, ниту пак, сакале. Заминуваат луѓе кои ги сакаме. Исчезнуваат оние кои очајнички сме сакале да останат.
Во вакви ситуации многу е лесно да се фатите себе во размислување за сопствените недостатоци. Во недоглед да ги преиспитувате сопствените постапки. Што можевме да направиме поинаку? Што можеме да промениме на себе?
Тие прашања се едноставни и природни, но кога се прашуваме што сме можеле да направиме за тој(таа) да остане, навистина си поставуваме погрешно прашање.
Болката која ја чувствуваме може да нè научи нешто. Многу често се работи за навистина важна лекција.
Желбата за одредено нешто открива многу за нас, а болката од нечие отсуство може да ни открие најсурови вистини за нас. Вистината за скршеното срце е толку болна, не затоа што толку многу ни недостасува таа личност, туку затоа што нејзиното отсуство открива најсурови вистини за нас.
Кога сме со некој кој е подобар од нас на полиња на кои ние сме слаби, се пуштаме во балансот.
Го пуштаме да ја заврши работата на полето на кое ние сме слаби, без тоа да го забележиме.
Допуштаме нивната нежност да не омекне кога сме строги кон себе. Нивниот оптимизам да противтежи на нашиот цинизам, а нивната способност на нашата ригидност.
Кога сме со некој кој ја поседува таа клучна особина која ние ја немаме, неговото заминување ни се чини неподносливо. Заради него сме биле присилени да се соочиме со фактот дека не сме потполно сами. Но, неговото отсуство ни дава неверојатна прилика сами да ја потполниме празнината која ја имаат оставено во нас.
Спротивно на популарното мислење, лекот за скршеното срце не е замената на една личност со друга. Лекот за скршеното срце е растот и развојот.
Се работи за способноста да се оддалечиме од својата тага и да пробаме да сфатиме од каде доаѓа, од што произлегува и да научиме како во својот секојдневен живот да го вклопиме она што ни недостасува.
Ќе ни недостасува чувството на вредност кое сме го имале покрај нив, тоа што покрај нив сме заборавале на своите несигурности и повторно ќе се отворат оние рани на кои тие поставиле привремен фластер.
Колку и да боли нивното отсуство, добрата работа е тоа што ни се отвора можност да разбереме што е тоа на нас на што е потребно да поработиме.
Кога некој си заминува, зад себе остава празнина, а ние имаме два едноставни избори: да ја исполниме таа празнина со друга личност или да се впуштиме во предизвик самостојно да го потполниме тоа што ни недостасува.
Првата опција се чини полесен потег, но втората опција е таа која води кон среќен живот. На крајот на денот, единствена личност која ќе биде тука после секоја разделба сме самите ние.
Е. Ј. | Црнобело