Како да реагирате кога партнерот ви е лут, за да не направите долготрајна штета?
Сите сме биле во ситуација во која сме биле многу лути на нашиот партнер. Дали нашете лутење било оправдано или не, во тој момент не ни било важно.
Кога сме лути може да реагираме на многу начини: може да го напаѓаме нашиот партнер, може бесно да се караме, да не разговараме со нив воопшто и да прекинеме секаква комуникација, да им објаснуваме по цели денови зошто не се во право или едноставно да чекаме и видиме кога ќе се извинат. Но, во тие моменти единствено што би требало е да видиме, дека нашиот партнер навистина сочувствува со нас и ни го разбира проблемот.
Кога вашиот партнер е лут најлошо што може да направите е да се карате и да му се спротивставувате. Ретко кој може да победи во кавга, затоа што и двајцата најчесто мислите дека сте во право. Дури и ако победите во кавгата најчесто другиот останува повреден и незадоволен.
За хармонија во врската најважно е да го ислушате вашиот партнер и да пробате да го разберете изворот од каде доаѓа неговиот проблем. Покажете емпатија и докажете му дека го разбирате неговиот проблем. Дека сфаќате зошто така се чувствува и дека има право така да се чувствува.
Кога му кажувате на некој што ви е лут дека не е во право и му објаснувате зошто вие сте во право најчесто има спротивен ефект од тоа што навистина сакате да го постигнете. Многу е полесно да ја пренесете истата порака откако на мирен начин ќе разговарате за чувствата на вашиот партнер. Прво слушнете што има да ви каже па кажете му дека разбирате зошто се чувствува така. Кажете му дека тие чувства се оправдани, а сепак на крај ако не се согласувате кажете си го вашето мислење и што ве навело да мислите така.
Ако го практикувате овој начин на комуникација со вашиот партнер, несогласувањата во вашата врска ќе бидат продуктивни наместо да ве оддалечуваат. Полесно вистински ќе се запознаете и во иднина тие кавги ќе бидат сведени на минимум.
А. В. | Црнобело